Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации (02)15050 Контакт центар obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ поддршка (02)15050 Контакт центар obsgnetsupport@ob.com.mk
Сподели ја страната на некој од социјалните медиуми:

Животно осигурување

Посигурна иднина за Вас и за Вашите најблиски - банкарски производи со дополнителна заштита

Посигурна иднина за Вас и за Вашите најблиски - банкарски производи со дополнителна заштита

Охридска банка Сосиете Женерал ги постави темелите на комбинирањето на традиционалните банкарски производи со осигурителните услуги. Доколку се случи осигурен настан, долгот кон Банката го намирува осигурителната компанија, така што Вие или Вашето најблиско семејство е ослободено од тој долг.

Што претставува банкарското осигурување?

Со овој назив се именуваат производите кои претставуваат комбинација од банкарски производи и животно осигурување, при што осигурувањето значи заштита на клиентот во случај на осигурен настан - смрт, губење на деловна способност или траен инвалидитет.

Банкарски производи со осигурителна компонента

Можете да аплицирате за следниве производи со осигурување: кредити, пречекорување, трансакциска сметка, депозит и картичка.

Кредитно животно осигурување

Опфатени се сите типови кредити за физички лица: кеш експрес, станбен, хипотекарен, А++, студентски, автомобилски, кредит со 100% депозит. Доколку се случи несакан настан, осигурителната компанија ќе ја намири недоспеаната главнина од Вашиот кредит што го должите во Охридска банка.

Осигурување на пречекорување

Во случај на појава на покриен ризик, осигурителната компанија ќе го преземе како своја одговорност износот од искористениот дел од дозволеното пречекорување што Вие го имате во Банката.

Осигурување на картички

Корисниците на картички бесплатно добиваат IN-cards, со што сите платежни картички MasterCard и VISA се покриени со неколку осигурителни покритија. Осигурувањето на картичките вклучува одредени настани кои се покриени и се надополнуваат во зависност од типот на картичката.

Осигурување на трансакциска сметка и осигурување на депозит

Финансиските бенефиции од осигуран настан подразбираат итен еднократен надомест од 500 евра од осигурување и вкупен износ максимум до 2.500 евра по полиса за осигурувањето на трансакциска сметка и до 3.000 евра по полиса за осигурувањето на депозит во согласност со условите на осигурувањето.

Како можеме да Ви помогнеме?

Доколку Ви се потребни повеќе информации, не двоумете се да ни поставите прашање и ние ќе Ви одговориме во најкусо време.

Постави прашање
Име и презиме
Град
Е-маил
Телефон
Прашање
Внесете го кодот
CAPTCHA
Ги прифаќам општите правила и услови.
Сподели ја страната на некој од социјалните медиуми:
Види ги сите локации во Македонија Мапа
Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации (02)15050 Контакт центар obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ поддршка (02)15050 Контакт центар obsgnetsupport@ob.com.mk