Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации Контакт-центар: (02) 15 050 obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ-поддршка Контакт-центар: (02) 15 050 obsgnetsupport@ob.com.mk

Вестерн Унион 

ПРЕДНОСТИ

  • Едноставно и сигурно примете или испратете готовина низ целиот свет
  • Не е потребна сметка во Банката, потребно е само да дојдете во некоја од експозитурите на Охридска банка за да примите или испратите пари, а средствата пристигнуваат на саканата дестинација за само неколку минути
  • Месечниот лимит за испраќање парични средства изнесува 2.500 ЕУР
  • Дневно ограничување за прием на парични средства е 5.000 ЕУР
  • Услугата Western Union е достапна во сите експозитури на Охридска банка

Надоместоци

  • Провизиите за испраќање пари се исти во рамките на Република Македонија, а се дефинирани од страна на Western Union.
  • Нив можете да ги погледнете на следниов линк.

Потребни документи

  • Валиден документ за идентификација (лична карта или пасош)

Сè што треба да направите е:

При подигање пари: да дојдете лично во која било експозитура на Охридска банка со валиден документ за идентификација и со контролниот број на трансферот (MTCN). Вработените ќе ги внесат сите Ваши податоци и ќе го испечатат формуларот за подигање на парите, а Вие за неколку моменти ќе ги имате паричните средства.

При испраќање пари: Вербално да ги соопштите сите неопходни податоци за реализација на трансферот. Провизијата ја плаќате Вие, додека примателот го подигнува износот што сте го уплатиле (без провизијата). За неколку моменти добивате испечатен формулар на кој е напишан контролниот број на трансферот (MTCN) кој треба да му го соопштите на примателот.

Види ги сите локации во Македонија Мапа
Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации (02)15 050 Контакт центар obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ поддршка (02)15 050 Контакт центар obsgnetsupport@ob.com.mk