Студентски кредит
За кого е наменет?
Студентскиот кредит е наменет за сите редовни студенти и постдипломци на универзитетите во РМ, како и на сите акредитирани универзитети во странство. Освен за школарината, кредитокорисникот може да ги искористи средствата за каква било намена, според сопствените потреби и желби.
Максимален износ
|
300.000 мкд
|
Рок на отплата
|
До 60 месеци со вклучен грејс период До 48 месеци без грејс период
|
Грејс период
|
12 месеци
|
Каматна стапка
|
Каматната стапка е годишна, фиксна за целото времетраење на кредитот, од 8,85% за кредити со и без кредитно животно осигурување (СВТ 10,67%) до 10,25% за кредити со и без кредитно животно осигурување (СВТ 13,55%). Каматните стапки се различни за различни клиентски групи.
|
Валута
|
МКД Каматната стапка е годишна, со денарска клаузула
|
Административен трошок
|
Од 1% до 2% од износот на кредитот.
Административниот трошок е различен за различни клиентски групи.
|
Останати надоместоци
|
Трошок за меница од 100 до 500 денари, трошок за апликација 200 мкд и трошок за одржување на трансакциската сметка 29 МКД месечно
|
Предвремена отплата
|
Без провизија за предвремена отплата
|
Критериуми
|
- 1 или 2 ко-кредитобаратели, членови на потесното семејство.
- За клиенти кои примаат плата во ОБСГ ануитет/плата ½, за клиенти кои не примаат плата во ОБСГ 1/3.
- При доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитокорисникот не смее да надмине 67 години.
|
Исплата
|
Средствата се исплаќаат на сметка на кредитокорисникот
|
Обезбедување
|
- Административна забрана и меница од барателите
- До 36 месеци без жиранти, над 36 месеци - 1 жирант за клиенти кои примаат плата во ОБСГ, за останатите 1 жирант.
|
Потребна документација
|
- копија од валидна лична карта,
- копија од индекс,
- потврда за висина на примања на ко-кредитобарателот,
- за вработени во приватни фирми, обрзец М1/М2 и ПДД МП за последните 3 месеци.
|
Како до кредит?
Многу едноставно:
- Пополнете апликација за студентски кредит;
- Потребните документи доставете ги во некоја од нашите експозитури;
- Во најкус можен рок ќе Ви го одобриме кредитот.
Документи
Линкови