A+ / A-

„План за стан“ Станбен кредит со фиксна каматна стапка до 2030 година

Станбениот кредит на Охридска банка е наменски кредит за купување, изградба или за реновирање недвижен имот.

За кого е наменет?

Станбениот кредит е наменет за кредитоспособни физички лица, во редовен работен однос, клиенти на Охридска банка.

Максимален износ

200.000 ЕУР

Рок на отплата

До 360 месеци
До 180 месеци за реновирање

Грејс период

12 месеци за изградба, во спротивно 6 месеци

Каматна стапка

Каматната стапка е фиксна до 2030 година, односно каматна стапка од 3,80% за кредити со кредитно животно осигурување и од 3,95% за кредити без кредитно животно осигурување за првите 3 години. Каматната стапка во период од 4-тата година до 2030 година изнесува 5,95% за кредити со и без кредитно животно осигурување. Каматната стапка после 2030 година е  променлива и истата е збир од фиксна маргина (која моментално изнесува 5,95%) плус 6 месечна стапка на Еурибор (Euribor) што важи на денот на склучување на договорот, а во секој случај после 2030та година каматната стапка не може да биде пониска од 5,95%. Каматните стапки се различни за различни клиентски групи, како и за кредити со и без кредитно животно осигурување.

Валута

МКД со девизна клаузула.
Каматната стапка е годишна, со девизна клаузула.

Административен трошок

БЕЗ АДМИНИСТРАТИВЕН ТРОШОК - ПРОМОТИВНИ УСЛОВИ ОД 17.09.2018 - 31.12.2018

Редовни услови: 0,75%-1,50% од износот на кредитот и во зависност од клиентската група.

Предвремена отплата

Во текот на периодот со фиксна каматна стапка:

-1% при делумна отплата <50% од неотплатената главница без разлика на потеклото на средствата

-2% при делумна отплата >=50% од неотплатената главница без разлика на потеклото на средствата

По истекот на фиксниот период: 

-0% во случај на отплата со сопствени средства

-5% при рефинансирање со кредит од друга банка


Останати надоместоци

БЕЗ ТРОШОК ЗА АПЛИКАЦИЈА - ПРОМОТИВНИ УСЛОВИ ОД 17.09.2018 - 31.12.2018 
Трошок за меница од 100 до 500 МКД, трошок за одржување на трансакциската сметка 29 МКД месечно (за пензионери трошокот изнесува 20 денари), трошоци за осигурување недвижен имот од сите ризици, трошок за проценка 2000 МКД.

Критериуми

  • Сооднос ануитет/плата 1/2  
  • При доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитокорисникот не смее да надмине 67 години.

Исплата

  • Средствата се исплаќаат наменски според купопродажниот договор или за рефинансирање станбен кредит во друга банка.

Обезбедување

  • Административна забрана и меница од барателите
  • Хипотека на недвижен имот
    - за сооднос хипотека кредит <1,25%, минимум 20% учество
    - за сооднос хипотека кредит ≥ 1.25%, минимум 15% учество
    - за сооднос хипотека кредит ≥ 1.30%, минимум 10% учество
    - за сооднос хипотека кредит ≥ 1.40%, учество не е задолжително 
  • Во случај предмет на хипотека да биде друг стан - потребен однос помеѓу вредноста на хипотеката и износот на кредитот е 1,25:1
  • Осигурување недвижен имот

Потребна документација

  • копија од валидна лична карта,
  • потврда за висина на примања,
  • за вработени во приватни фирми, образец М1/М2 и ПДД МП за последните 3 месеци.


Како до кредит?

Многу едноставно:

  • Пополнете апликација за станбен кредит;
  • Потребните документи доставете ги во некоја од нашите експозитури;
  • Во најкус можен рок ќе Ви го одобриме кредитот.

Документи

принт

Калкулатор за кредити

Најповолни услови и широко диверзифицирано, квалитетно портфолио на кредитни производи прилагодено според Вашите специфични барања, индивидуални потреби и желби