Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации (02)15050 Контакт центар obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ поддршка (02)15050 Контакт центар obsgnetsupport@ob.com.mk
Сподели ја страната на некој од социјалните медиуми:

Кредити на среден рок

Предности

  • Рок на отплата од 12 до 36 месеци
  • Грејс-период до 6 месеци
  • Денарски, денарски со девизна клаузула и девизни кредити
  • Можност за отплата во еднакви месечни, квартални и семестрални ануитети
  • Износот на кредитот и каматната стапка зависат од кредитоспособноста и бонитетот на комитентот, од квалитетот и вредноста на понудениот колатерал, како и од потребите на барателот на кредитот

Денарски среднорочни кредити

Кредитите се наменети за финансирање трајни обртни средства и обртен капитал чиј бизнис-циклус е подолг од една година.

Каматна стапка

  • Каматната стапка се движи од 4,25 % до 9,60 % годишно и може да биде фиксна и варијабилна.

Девизни среднорочни кредити

Кредитите се наменети за финансирање трајни обртни средства и обртен капитал чиј бизнис-циклус е подолг од една година, како и за намирување обврски спрема странски партнери. 

Каматна стапка

  • Каматната стапка се движи од4 % до 9,35 % годишно и може да биде фиксна и варијабилна.

Исплата

  • На трансакциската сметка на правното лице со соодветна конверзија на одобрените девизни средства по куповниот курс на Охридска банка на денот на одобрување на кредитот
  • За плаќање во странство, по налог на корисникот на кредитот

Начин на плаќање на обврски

  • Во девизи ако тие потекнуваат од приливи од нерезиденти
  • Во денари по продажниот курс на Охридска банка Сосиете Женерал

Надоместоци и обезбедување

  • Провизии во зависност од договорените услови на кредитот и од тарифата
  • Обезбедување со вообичаени инструменти: хипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети, банкарска гаранција и сл.
Сподели ја страната на некој од социјалните медиуми:
Види ги сите локации во Македонија Мапа
Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации (02)15050 Контакт центар obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ поддршка (02)15050 Контакт центар obsgnetsupport@ob.com.mk