Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации Контакт-центар: (02) 15 050 obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ-поддршка Контакт-центар: (02) 15 050 obsgnetsupport@ob.com.mk
Сподели ја страната на некој од социјалните медиуми:

Драги

клиенти

На 4 Ноември 2019 година, беше извршена и промена на сопственоста на Охридска банка АД Скопје. Се приклучуваме кон една од најзначајните меѓународни банкарски институции во регионот на Југоисточна Европа, која со својата експертиза, искуство, стабилност и посветеност ќе ја зајакне уште повеќе нашата позиција на домашниот и мешународниот пазар.

Охридска банка АД Скопје останува стабилен чинител во банкарскиот сектор, партнер на македонската економија, поддржувач на бизнисите, банка посветена на сите свои клиенти и вработени и банка ориентирана кон заедницата.

За сите детали околу промената на сопственоста на Банката, како и информациите поврзани со производите и услугите кои Банката ги нуди на своите клиенти, може да прочитате во продолжение во листата на прашања и одговори кои ги изготвивме за Вас.

Прашања и одговори

Какви промени настанаа во Охридска банка?

Охридска банка АД Скопје се приклучи кон семејството на австриската Шпаркасе групација. Шпаркасе групацијата отсега ќе дејствува преку две банки во своја сопственост во Македонија: Охридска банка АД Скопје, која до оваа промена беше дел од групацијата „Societe Generale“, и Шпаркасе банка Македонија АД Скопје, дел од Шпаркасе групацијата уште од 2008 година.

Сè до целосното спојување кое е планирано за 2021 година, Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе банка Македонија АД Скопје ќе продолжат да дејствуваат како посебни правни ентитети, иако и двете банки ќе бидат дел од Шпаркасе групацијата. По очекуваната интеграција, Банката ќе има актива од околу една милијарда евра и со тоа ќе стане четврта банка по големина во Р Северна Македонија. За сите идни промени ќе бидете навреме известени.


Кој е новиот сопственик на Охридска банка?

Тоа е „Steiermärkische Bank“ и „Sparkassen Aktiengesellschaft“, или скратено „Steiermärkische Sparkasse“ („STSP“).

Групацијата „Steiermärkische Sparkasse“ е најголем давател на финансиски услуги во јужниот дел на Австрија; 2 751 вработен опслужуваат околу 700 000 клиенти на 233 локации во Стирија и во Југоисточна Европа.

Групацијата „Steiermärkische Sparkasse“ се состои од Steiermärkische Sparkasse и нејзините подружници, вклучувајќи ги Bankhaus Krentschker & Co. AktiengeselIschaft во Австрија, Sparkasse Bank dd во Босна и Херцеговина и Sparkasse Bank Македонија AD Skopje во Република Северна Македонија.


Што ќе значи оваа промена за мене како клиент?

До интеграцијата на двете банки во една институција нема да има промени за Вас како наш клиент. Тековниот процес нема да има влијание на условите што се договорени претходно во однос на производите и на услугите што ги користите. Во исто време, двете банки ќе продолжат да работат на подобрување на постојните и на воведување нови производи и услуги, кои ќе одговорат на Вашите потреби.


Дали е потребно да ја посетам мојата експозитура?

Промената на сопственоста на Банката нема да иницира никакви промени во однос на Вас како клиент. Нема потреба од посета на Вашата експозитура по овој повод, но, секако, Вие сте добредојден и вратите на Банката се секогаш отворени за Вас.


Што е со мојата матична експозитура и со мојот матичен референт, дали тие ќе останат исти?

Да, експозитурите се на истата адреса и таму Ве очекуваат токму Вашите матични референти.


Дали ќе се променат каматните стапки на мојот кредит?

Не. Вашиот кредит нема да подлежи на промени поради промената на сопственоста и тековната интеграција, односно останува по веќе договорените услови.


Што ќе се случи со моите депозити? Дали ќе има промена на каматните стапки?

Договорените услови остануваат исти. Вашите депозити се безбедни, со каматна стапка во согласност со склучениот договор.


Дали бројот на сметката останува ист?

Да, бројот на Вашата сметка останува ист.


Како ќе изгледа мојата нова банка?

Ребрендирањето следува како резултат на приклучувањето кон новата групација и ќе забележите промена во логото, боите и во визуелниот идентитет на Банката, како симбол на на новиот бренд.


Како да контактирам со вас доколку имам дополнителни прашања?

Во секое време можете да контактирате со нас преку нашиот контакт-центар на телефонот: (02)15 050. Исто така, сите наши е-адреси остануваат исти. Адресата на веб-сајтот на Охридска банка останува иста:www.ohridskabanka.mk.


Писмо од новиот сопственик

Вредности

Поддршка

слушаме, разбираме и помагаме

Слушаме што имаат да кажат клиентите и колегите бидејќи ги разбираме нивните потреби. Меѓусебно споделуваме идеи и ја поддржуваме нивната реализација. Си помагаме едни на други бидејќи се движиме кон истата цел. Доколку е успешна Банката во која работиме, и ние сме успешни. Комуницираме искрено и отворено затоа што сме насочени на решенија и на резултати.

Одговорност

преземаме одговорност за развојот на Банката и за својот личен развој

Одговорни сме, пред сѐ, кон самите себеси и кон својата иднина, а потоа и кон своите клиенти. Затоа преземаме лична одговорност и покажуваме иницијатива кон клиентите, бидејќи успехот и напредокот на Банката воедно се и наш успех и развој. Секој наш успех е посветен на нашето работење во рамките на Банката. Се грижиме за успешно и целосно завршување на своите работни задачи. Се грижиме за поголемата слика и мислиме на доброто на Банката на долг рок. Одговорноста е поделена подеднакво, а овластувањата ги заслужуваме со своите добри резултати.

Доверба

го одржуваме дадениот збор и градиме квалитетни односи

Веруваме во своите вработени, во нивниот потенцијал и во нивните успеси. Фокусирани сме на одржлив и долгорочен развој, ја прифаќаме можноста за грешки, учиме од нив и не ги повторуваме. Градиме атмосфера на доверба затоа што си веруваме. Успехот на Банката е нашата заедничка цел.

Иновативност

поттикнуваме нов начин на работење и постојано го унапредуваме сегашниот

Ги препознаваме и ги цениме идеите и иницијативите, затоа клиентите ги услужуваме на едноставен и квалитетен начин. Ги поврзуваме новите креативни идеи во деловна реалност. Со личниот пример ги поттикнуваме другите да го даваат максимумот во своето работење и да го искористат својот потенцијал. Проактивни сме и мотивирани да работиме повеќе и подобро затоа што нашиот труд се препознава и се вреднува.

Создавање

создаваме вредност за нашите клиенти, заедницата, акционерите и за себе

Создаваме вредност за нас самите, а мерка на таа вредност се сѐ повеќе задоволни и лојални клиенти, но и вработени на Банката. Ги вреднуваме напорите и ги наградуваме резултатите на вработените бидејќи веруваме дека напорот ќе се исплати и ќе нѐ води кон успех. Нашата моќ се огледува во нашето знаење и во нашите компетенции, а нашиот успех во нашите клиенти.

ШПАРКАСЕ
ГРУПАЦИЈА

Steiermärkische Sparkasse Group е најголем давател на финансиски услуги во јужниот дел на Австрија. Групата опслужува околу 700 000 клиенти на 233 локации во Стирија, Австрија, и во Југоисточна Европа.

Групацијата „Steiermärkische Sparkasse“ се состои од Steiermärkische Sparkasse и нејзините подружници, вклучувајќи ги Bankhaus Krentschker & Co. AktiengeselIschaft во Австрија, Sparkasse Bank dd во Босна и Херцеговина и Sparkasse Bank Македонија AD Skopje во Република Северна Македонија.

Со своето присуство во земјите од Западен Балкан, групацијата овозможува достапност на банкарските услуги за австриските и за регионалните компании, како и силна економска поврзаност и стабилност во целиот регион.

Во Северна Македонија, „Steiermärkische Sparkasse“ е присутна од 2008 со својата локална банка подружница, Шпаркасе банка Македонија АД Скопје. Сè до целосното спојување кое е планирано за 2021 година, Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе банка Македонија АД Скопје ќе продолжат да дејствуваат како посебни правни ентитети, иако и двете банки ќе бидат дел од Шпаркасе групацијата. По очекуваната интеграција, Банката ќе има актива од околу една милијарда евра и со тоа ќе стане четврта банка по големина во Р Северна Македонија.

По очекуваната интеграција, Банката ќе има актива од околу 1 милијарда евра и со тоа ќе стане четврта Банка по големина во Р.Северна Македонија.

Имајќи ја поддршката од големата финансиска групација, Охридска банка АД Скопје претставува доверлив партнер за своите клиенти во Р Македонија.

Повеќе информации за групацијата можете да прочитате на интернет-страницата: www.steiermaerkische.at

Контактирајте нè

Внеси податоци

Сподели ја страната на некој од социјалните медиуми:
Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации (02)15 050 Контакт центар obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ поддршка (02)15 050 Контакт центар obsgnetsupport@ob.com.mk
Види ги сите локации во Македонија Мапа