СМС-известувања
Увид во состојбата и во промените на трансакциската сметка на дебитни и на кредитни картички преку СМС-порака на Вашиот мобилен телефон во реално време.
Типови СМС-известувања:
- Известување за состојба на денарска или на девизна сметка
- Извод на жиро-сметка во краток формат
- Известување за трансакции со платежни картички (плаќање со картичка на ПОС-терминал, плаќање преку интернет и повлекување средства од банкомат)
- Известување за последен прилив на жиро-сметка и на девизна сметка
- Известување за последен одлив на жиро-сметка
- Известување за последен одлив на девизна сметка (само за налози направени преку I-bank).
Предности:
- Потврда за извршена трансакција
- Проверка на износот на извршената трансакција
- Известувања во врска со Вашата картичка
- Заштита од повеќекратно реализирање на иста трансакција
- Заштита од злоупотреба на картичката
- Дополнителна безбедност при вршењето трансакции
- Повеќе лица можат да добиваат СМС-известување за иста сметка (партија)
- СМС-известувањата се достапни и на англиски јазик.
По дадено овластување, услугата СМС-известувања можат да ја користат повеќе вработени лица на клиентот правно лице што има трансакциска сметка во Охридска банка и активен мобилен телефонски број од некој од мобилните оператори овластени на територијата на Република Македонија.
За услугата СМС-известувања можете да аплицирате во која било експозитура на Охридска банка.
За дополнителни информации, обратете се на 046 261 000, на obsgnetsupport@ob.com.mk или во експозитурите на Охридска банка