За банката

Тимски дух, иновација, посветеност и одговорност.

Профил на банката

Охридска банка Сосиете Женерал е универзална банкарска институција која od 2007 година припаѓа на една од најголемите финансиски групации во светот – групацијата Сосиете Женерал

Охридска банка Сосиете Женерал функционира според високите стандарди на Сосиете Женерал, почитувајќи ги четирите главни вредности на Групацијата: тимски дух, иновација, посветеност и одговорност.

Охридска банка Сосиете Женерал е верен партнер на македонската економија. Преку својата мрежа од 27 експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува долгорочни банкарски односи со своите клиенти, се карактеризира со лојалност, посветеност и препознатливост на пазарот.

Охридска банка Сосиете Женерал важи за банка која успешно ја синхронизира експертизата од Сосиете Женерал со искуството на својот тим во земјата.


Награди и признанија

Охридска банка Сосиете Женерал е носител на национални и меѓународни награди и признанија.
Имено, во 2016 година банката се закити со тројна круна од најзначајните меѓународни банкарски авторитети, како носител на три награди во категоријата „Најдобра банка за 2016 година“ според “Global Finance”, “Euromoney” и “The Banker”.  Во 2017 година Охридска банка Сосиете Женерал беше повторно прогласена за „Најдобра банка за 2017 година“ во македонија според “Global Finance” и “Euromoney”, додека пак во 2018 година банката повторно ја доби наградата „Најдобра банка во Македонија“ за 2018 година според “Global Finance”.

Покрај меѓународните награди, Охридска банка Сосиете Женерал континуирано добива награди и признанија и на домашната сцена, од значајни национални ентитети.


Основни податоци за Банката

Назив: Охридска банка АД Скопје

Седиште:

ул. Орце Николов бр. 54, 1000 Скопје

Република Македонија

Телефон: + 389 2 3167 600; Факс: +389 2 3117 164

e-mail: obinfo@ob.com.mk

Матичен број: 5004756

ЕДБ: MK4020995106987


Жиро сметка: 530000000000176

SWIFT: OHRDMK22

Собрание на акционери 42. седница

  Јавен повик за 42. седница на Собрание на акционери на Охридска банка АД Скопје

  Пријава за учество за акционер физичко лице

  Пријава за учество за акционер правно лице

  Вкупен број на акции и вкупен број на гласачки права кои произлегуваат од акциите со право на глас на денот на објавата на јавниот повик   

  Документи, материјали и предложени одлуки за донесување кои ќе се разгледуваат на седницата на Собранието:

  I. Процедурален дел

  1. Отворање на Собранието
  2. Избор на работни тела   
    • избор на претседавач, 
    • избор на записничар (нотар) и на комисија за броење гласови.

  II. Работен дел

  1. Утврдување на дневниот ред од работниот дел.
  2. Усвојување на Записникот од 41. седница на Собранието на акционерите на Банката.
  3. Воведно излагање на претседателот на Управниот одбор на Банката.
  4. Извештај за работењето на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје во 2018 година, колективно и од аспект на поединечните членови, со:
  5. Годишен извештај за работењето на Охридска банка АД Скопје во 2018 година со Писмено мислење изготвено од страна на Надзорниот одбор на Банката со:
  6. Извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи на Охридска банка АД Скопје со мислење на ревизорската куќа Ернст и Јанг овластени ревизори ДОО од Скопје  и Писмено мислење по него изготвено од страна на Надзорниот одбор на Банката со:
  7. Годишна сметка и финансиски извештаи на Охридска банка АД Скопје за 2018 година со:
  8. Предлог-одлука за назначување друштво за ревизија на работењето на Охридска банка АД Скопје во календарската 2019 година.

  Вклучување на нови точки во дневниот ред и предлагање на нови одлуки

  Предложени одлуки од акционерите: Предложените одлуки од акционерите Охридска Банка АД Скопје веднаш откако ќе ги прими, ќе ги објави на www.ohridskabanka.mk

  • Предлог одлуки од акционер

  Постапка за гласање преку полномошник:


  Врз основа на допис бр.08-99/1 од 18.01.2019 година,  доставен од страна на Комисија за хартии од вредност на Р. Македонија до Охридска Банка АД Скопје, ве известуваме за измените и дополнувањата на Законот за преземање на акционерски друштва во однос на обврските за постапување на овластените лица-полномошници:

  Известување


2019 Ohridska Banka