Сосиете Женерал

Сосиете Женерал е една од најголемите европски групации за финансиски услуги

Во 2014 година, групацијата Сосиете Женерал ја прослави 150-годишнината од своето постоење, фокусирајќи на претприемачкиот дух, иновациите и на тимскиот дух. Основана од група индустријалци и финансиери, самото име на банката ја илустрира нивната амбиција - Société Générale pour favoriser le développement du commerce et de l’industrie en France (Сосиете Женерал за поддршка на развојот на трговијата и индустријата во Франција), како што е напишано во царскиот декрет потпишан од Наполеон III на 4 мај 1864 година.


Сосиете Женерал  е една од првите француски банки која отвора свои подружници во Лондон и во Русија во 70-тите, пред проширувањето во Магреб, Њујорк и Африка и воспоставувањето операции во централноевропските земји.
Сосиете Женерал секогаш била и е во чекор со финансиските иновации. Преку силата што ја црпи од своите корени, ја наметнува својата банкарска визија за иднината, постојано го приспособува својот бизнис во корист на клиентите, станувајќи на тој начин референтна банка на XIX век.
Денес, Сосиете Женерал е синоним за модерно и напредно дејствување во банкарсткиот свет и пошироко.

Водејќи се од своето ново мото „The future is you“, Банката настапува храбро на пазарот надминувајќи ги своите вообичаени граници на банкарско дејствување. Сосиете Женерал не е само обична банка. Таа е верен партнер на повеќе од 31 милион клиенти во светот во 67 земји во светот, а во неа работат околу 150 000 вработени. Силно насочувајќи се кон иновациите, станува најнапредна банка во дигиталната трансформација во 2018 година. Дополнително, Сосиете Женерал успешно и посветено делува во повеќе области: корпоративното и инвестициското банкаство, приватното банкарство, управување со средства, безбедносни и финансиски услуги, меѓународните финансиски услуги за физички лица и тн. 

Повеќе информации за Сосиете Женерал можете да прочитате на www.societegenerale.com   


2019 Ohridska Banka