За банката

Тимски дух, иновација, посветеност и одговорност.

Профил на банката

Охридска банка Сосиете Женерал е универзална банкарска институција која od 2007 година припаѓа на една од најголемите финансиски групации во светот – групацијата Сосиете Женерал

Охридска банка Сосиете Женерал функционира според високите стандарди на Сосиете Женерал, почитувајќи ги четирите главни вредности на Групацијата: тимски дух, иновација, посветеност и одговорност.

Охридска банка Сосиете Женерал е верен партнер на македонската економија. Преку својата мрежа од 27 експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува долгорочни банкарски односи со своите клиенти, се карактеризира со лојалност, посветеност и препознатливост на пазарот.

Охридска банка Сосиете Женерал важи за банка која успешно ја синхронизира експертизата од Сосиете Женерал со искуството на својот тим во земјата.


Награди и признанија

Охридска банка Сосиете Женерал е носител на национални и меѓународни награди и признанија.
Имено, во 2016 година банката се закити со тројна круна од најзначајните меѓународни банкарски авторитети, како носител на три награди во категоријата „Најдобра банка за 2016 година“ според “Global Finance”, “Euromoney” и “The Banker”.  Во 2017 година Охридска банка Сосиете Женерал беше повторно прогласена за „Најдобра банка за 2017 година“ во македонија според “Global Finance” и “Euromoney”, додека пак во 2018 година банката повторно ја доби наградата „Најдобра банка во Македонија“ за 2018 година според “Global Finance”.

Покрај меѓународните награди, Охридска банка Сосиете Женерал континуирано добива награди и признанија и на домашната сцена, од значајни национални ентитети.


Основни податоци за Банката

Назив: Охридска банка АД Скопје

Седиште:

ул. Орце Николов бр. 54, 1000 Скопје

Република Македонија

Телефон: + 389 2 3167 600; Факс: +389 2 3117 164

e-mail: obinfo@ob.com.mk

Матичен број: 5004756

ЕДБ: MK4020995106987


Жиро сметка: 530000000000176

SWIFT: OHRDMK22

Извештај и податоци

Врз основа на Одлуката на Народна банка на Република Северна Македонија за објавување извештаи и податоци од страна банката (Сл. Весник на РСМ, бр.134/2007), Охридска банка АД Скопје објавува:

ИЗВЕШТАЈ И ПОДАТОЦИ со состојба на 31.12.2018 година
СОДРЖИНА:

  • Податоци за Банката
  • Податоци за банкарска група
  • Податоци за акционерската структура на Банката- акционери со квалификувано учество
  • Податоци за сопствените средства и за адекватноста на капиталот на Банката
  • Податоци за процесот на управување со ризици

Преземете го комплетниот извештај тука.


Врз основа на член 47 став 1 точка 6 од Законот за Народната банка на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10, 123/12, 43/14, 153/15 и 6/16) и член 68 став 1 точка 7 од Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/07, 90/09, 67/10, 26/13, 15/15, 153/15 и 190/16), Советот на Народната банка на Република Македонија донесе одлука за методологијата за управување со ризикот на задолженост(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 26/17)

Извештајот за стапката на задолженост за II полугодие од 2018 година може да се преземе тука.

2019 Ohridska Banka