Во Охридска банка, грижата за животната и работна средина е во центарот на вниманието. Па така, од неодамна на располагање на вработените е и освежениот возен парк со велосипеди кои може да се користат за службени потреби и приватни паузи.
Како општествено одговорна компанија, Охридска банка АД Скопје е свесна за влијанието на компаниите како единки во создавањето на масовниот придонес кон создавање на здрава и чиста животна средина. Еден од основните начела на кои се потпираме е давањето поддршка на општеството преку одговорен однос кон околината во која живееме и во која работиме. Од друга страна пак, веруваме дека ангажманот на компанијата ќе биде посилен доколку постои и континуираниот ангажман на колективот.
Во Охридска банка, грижата за животната и работна средина е во центарот на вниманието. Па така, од неодамна на располагање на вработените е и освежениот возен парк со велосипеди кои може да се користат за службени потреби и приватни паузи.
Свесни за важноста на нашиот однос кон сопствената животна и работна средина, имаме за цел како колектив да влијаеме на проблемот со загаденост на воздухот и почвата и се надеваме дека со вакви примери ќе влијаеме врз развојот на еколошката свест во заедницата.
За мотивација, Ви претставуваме неколку предности од возење велосипед:
1. Фитнес на работа
Има едно време во денот, меѓу 12:00ч. и 13:30ч. кога обично енергијата паѓа. Решението не е во второ кафе, или Ц витамин. Решението лежи во службените велосипеди. Со користењето на службениот велосипед барем еднаш во денот, ќе ги размрдате сите мускули и ќе се изложите на свеж воздух – одлична формула за добивање на енергија. И целата физичка неактивност за време на работниот ден ќе ја ублажите со користењето на велосипедите.
2. Брз проток низ градскиот метеж
Да претпоставиме дека треба да илезете и да одите до кај некој адвокат или нотар од каде што треба да подигнете документи, а во близина нема паркинг. Притоа, додека се враќате назад сакате и да купите храна. Доколку сето ова го направите пешки, ќе изгубите повеќе време отколку што Ви трае паузата. Доколку тргнете со автомобил, додадете на потребното време и црвено светло на семафорите, како и време за барање на паркинг. Но, доколку тргнете со службен велосипед, не само што ќе завршите работа и ќе набавите храна, ќе Ви остане време и за кратко релаксирано возење.
3. На состанок за 5 минути
Освен доколку немате за пренесување некаков габарит кога одите на состанок, за сè останато одлична работа ќе Ви завршат велосипедите. Дополнително што, секоја бизнис релација во центарот на Скопје, со велосипед е релација во времетраење од 5 минути.
4. Ѝ помагате на околината
Со секое користење на велосипед ѝ помагате на животната средина со тоа што не испуштате ЦО2 емисии кои го уништуваат квалитетот на воздухот.
И конечно, доколку секој од нас даде по еден мал дел од себе, веројатноста дека ќе се реши одреден проблем е многу поголема отколку тоа да се занемарува или прави на индивидуално ниво.