Од денес, клиентите на Банката ќе можат да направат онлајн регистрација на апликацијата без да посетат експозитура со што ќе имаат пристап до нивните сметки, како и онлајн аплицирање и добивање на нови кодови за активација на апликацијата, без посета на експозитура.
10.10.2019
Охридска банка денес објави нови и подобрени функционалности на апликацијата за мобилно банкарство – Моја Банка, за побрзо и поедноставно управување со личните финансии. Од денес, клиентите на Банката ќе можат да направат онлајн регистрација на апликацијата без да посетат експозитура со што ќе имаат пристап до нивните сметки, како и онлајн аплицирање и добивање на нови кодови за активација на апликацијата, без посета на експозитура. Овие нови функционалности се дел од четвртата надградба која ја доби апликцијата за мобилно банкарство – Моја Банка на Охридска банка Сосиете Женерал.
Со оваа новина во апликацијата Моја Банка, клиентите добија подобрено корисничко искуство со тоа што им се овозможија скратени чекори во аплицирањето за услугата мобилно банкарство, како и добивање на нови кодови за регистрација. Развојниот тим на Охридска банка Сосиете Женерал работејќи на овие две нови функционалности на апликацијата, им овозможи на клиентите кои не користеле мобилно банкарство, да можат да ја спуштат апликацијата од Google Play или Apple Store и да направат онлајн регистрација со што ќе добијат инфо пристап до нивните сметки, кредити, картички, депозити, локатор на банкомати и трговци, а исто така ќе добиваат и „push“ нотификации по извршена трансакција. Дополнително, доколку одреден клиент ја инсталира апликацијата на нов уред или го заборави својот пин, ќе може да добие кодови за онлајн регистрација со инфо пристап, без посета на експозитурите на Банката.
Четвртата надградба на апликацијата овозможува оптимизирано корисничко искуство и го прави управувањето со личните финансии подостапно од кога било. За користење на апликацијата со сите кориснички привилегии, ќе биде потребно клиентот да посети експозитура на Банката лично и да аплицира за оваа услуга со што ќе добие можност да врши трансакции преку апликацијата, да креира шаблони за инстант плаќања, да менаџира дневен лимит на платежни картички, како и пристап до многу други поволности.
Охридска банка Сосиете Женерал континуирано вложува напори да обезбеди најдобро корисничко искуство во своите банкарски услуги. Претходно, оваа година, Банката ја публикуваше и третата надградба на апликацијата Моја Банка со која клиентите добија привилегија да менуваат дневни лимити на картички во самата апликација, локатор на трговци каде што можат да платат на рати и „push“ нотификации по остварени трансакции.