И зошто секој од нас треба да размисли за инвестиција во соларни колектори за топла вода?
Сонцето е предуслов за целиот живот на планетата Земја и обезбедува неверојатна количина на енергија, далеку повеќе од она што е познато. Сончевата енергија се добива без никакви трошоци, а фазата на трансформација во електрична енергија или топлина е целосно еколошка и климатски неутрална. Сончевите зраци го погодуваат сончевиот колекторот директно и енергијата се доставува без посредници. Сончевата енергија е едноставно супериорна како извор на енергија!
Сончевото зрачење кое го впива површината на земјата може да се користи за многу работи. Но, ќе се фокусираме на сончевите колектори за топла вода.
Предности од користење на сончеви колектори за топла вода
-
Заштеда до 65% од годишната потрошувачка на енергија за топла вода
-
Намалени сметки за електрична енергија - сончевата енергија е бесплатна, штом еднаш ќе инвестирате во соларни колектори ќе стартуваат намалените сметки за струја.
-
Еко импакт на околината преку намалена емисија на СО2: топлата вода добиена преку сончевите колектори го намалува испуштањето на СО2.
-
До 20% поврат на инвестираните средства за успешно реализиран проект со А++ кредитот. Иако почетната инвестиција на прв поглед е повисока од конвенционалните алтернативи, имајќи ги предвид заштедите кои оваа инвестиција ги носи во иднина, слободно може да се каже дека зборуваме за инвестиција во иднината.
Како работат сончевите колектори за топла вода?
Соларниот систем за греење на вода користи сончеви колектори кои го апсорбираат сончевото зрачење и истото го претвораат во топлина со чија помош се загрева водата сместена во соларниот бојлер. По потреба, може дополнително да се користи и конвенционален бојлер за да се добие посакуваната температура на водата.
Дознај повеќе за А++ кредитот

{{Title}}
{{Intro}}
{{Superscription}}
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="" class="FeatImg"}}}
{{Caption}}
{{Author}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}