За да ги поттикне вашите штедачки навики, нашиот Оби Роби реши да додели четири депозити од 3.000 денари и шест репрезентативни подароци по случаен избор.
15.10.2020
Здраво мали штедачи!
Тимот на Охридска банка за месецот на штедење, октомври, оваа година ви подготви боенка. Во оваа боенка ќе го запознаете нашиот советник за штедење, малиот робот Оби Роби и неговото другарче Сефче.
Оби Роби и Сефче ќе ве научат неколку важни работи за штедењето. Боенката можете да ја спуштите на ОВОЈ ЛИНК.
За да ги поттикне вашите штедачки навики, нашиот Оби Роби реши да додели четири депозити од 3.000 денари и шест репрезентативни подароци по случаен избор.
Сè што треба да направите за да учествувате во изборот на Оби Роби е да ја спуштите сликовницата, да обоите барем еден цртеж потпишан со името на детето што го нацртало и неговите гoдини. Овој цртеж сликајте го и пратете ни го како коментар на Фејсбук на следната објава:
https://www.facebook.com/ohbanka/posts/645690229463237
Оби Роби ќе ги извлече добитниците на подароци на 31ви октомври 2020 година. Среќно!
Правила на учество во изборот на Оби Роби:
Важни работи за добитниците на депозити и репрезентативни подароци:
- Извлечените добитници на депозити ќе треба да посетат една од експозитурите и да отворат трансакциска сметка во Охридска банка АД Скопје (доколку немаат)
- Добитниците на депозит за детско штедење во износ од 3.000 денари ќе потпишат Договор за депозит, односно родител/ законски старател потпишува во име на детето
- Потребни документи за отворање на депозит за детско штедење кои треба да ги носи родителот-старателот на денот на отворање на депозитот се: важечка лична карта или патна исправа за резиденти; важечка лична карта за странец или работна виза за престој односно работна виза во траење од најмалку 6 месеци - за странци резиденти и важечка патна исправа – за лица нерезиденти. Покрај валиден документ за идентификација за родителот/ законскиот старател, потребно е да се носи и Извод од матичната книга на родени за детето.
- Извлечените добитници на репрезентативни подароци ќе треба да пратат адреса на живеење
Детско штедење во Охридска банка АД Скопје:
- Можност за дополнителни вложувања
- Можност за штедење во денари, евра и долари
- Можност за избор на различен рок на депозитот (24, 36, 48 и 60 месеци)
- Фиксни каматни стапки за целиот период на орочување
Повеќе информации за Депозитите на Охридска банка може да прочитате ТУКА