Во насока на препораките од Владата поврзани со Ковид-19, Охридска банка ви препорачува да ги редуцирате посетите на експозитурите и да се насочите кон поинтензивно користење на електронските канали на Банката, каде што имате на располагање информации и услуги со постојана достапност за користење: електронското банкарство, мобилното банкарство Моја банка, веб-страницата www.ohridskabanka.mk, како и мрежата банкомати на Охридска банка АД Скопје.
17.03.2020 година
Почитувани клиенти,
Во насока на препораките од Владата поврзани со Ковид-19, Охридска банка ви препорачува да ги редуцирате посетите на експозитурите и да се насочите кон поинтензивно користење на електронските канали на Банката, каде што имате на располагање информации и услуги со постојана достапност за користење: електронското банкарство, мобилното банкарство Моја банка, веб-страницата www.ohridskabanka.mk, како и мрежата банкомати на Охридска банка АД Скопје.
Во меѓувреме, забележани се напади на дигиталните сервиси не само во банкарскиот сектор туку воопшто, па затоа, со цел да се зголеми ИТ-безбедноста, ве советуваме:
1. Корисничкото име и лозинката од вашето електронско и мобилно банкарство да ги чувате и да ги знаете само вие:
· Корисничкото име, лозинката и пинот за e-banking/m-banking треба да ги знаете само вие.
· Користете ја лозинка само на безбедната најавна страница на OBSGNet, на адресата https://www.obsgnet.com.mk
· Одјавете се откако ќе завршите со работењето на страницата за електронско банкарство.
· Деактивирајте ја функцијата за автоматско пополнување (AutoComplete) на вашиот прелистувач.
2. Проверете ја веродостојноста на веб-сајтот на кој сте приклучени
Без разлика на тоа дали сте на некој банкарски веб-сајт или на некој веб-сајт за електронска трговија, пред да ги внесете вашите податоци за најава или пред да извршите каква било трансакција, важно е да се уверите дека веб-сајтот е официјален и безбеден. Следете ги овие упатства за да ја проверите веродостојноста на веб-сајтот на кој сте приклучени:
· Проверете го идентификаторот URL на веб-сајтот во полето за веб-адресата. Со внимателна проверка на страницата можете да видите дали веб-сајтот на којшто сте приклучени е лажен, зашто неговата адреса во тој случај ќе мора да биде различна од онаа на официјалниот веб-сајт (на пример, www.ohridskabanka.mk или лажната адреса – www.ohridska.com.mk).
· Проверете го префиксот на адресата: секоја официјална интернет-локација за електронско банкарство или за електронска трговија користи безбедни комуникациски протоколи со своите клиенти. Ако сте на безбеден веб-сајт, пред URL ќе стојат буквите „https“ (наместо „http“).
· Проверете го безбедносниот сертификат: сертификатот се користи за да обезбеди гаранција дека веб-сајтот ѝ припаѓа на Охридска банка (www.obsgnet.com.mk). Вашиот веб-прелистувач може да го прикаже безбедносниот сертификат што го користи страницата на којашто се наоѓате.
3. Бидете свесни за т.н. фишинг-пораки (phishing)
Фишинг-пораките имаат за цел да ве натераат да отворите важна веб-страница и на неа да внесете податоци кои потоа ќе бидат злоупотребени за неовластено пристапување до вашите сметки. Овие пораки можете да ги добиете на вашата е-адреса, исто така како СМС-порака, па дури и преку социјалните мрежи.
· Вообичаено, ваквите пораки содржат линк за кој се бара од вас да го кликнете или пак имаат прикачен прилог со сомнително име.
· Содржината на пораките најчесто е поттикнувачка и бара брза реакција од вас, на пример, да го отворите прилогот кон пораката, да кликнете на линкот за проверка на сметката и сл.
· Исто така, пораките можат да содржат актуелни теми, како новости за тековната криза со Ковид-19, за да ве поттикнат да го отворите прилогот или да кликнете на линкот.
· Она што е најважно е дека ваквите пораки на прв поглед изгледаат дека се испратени од вашата банка зашто имаат речиси идентична e-адреса.
Бидете внимателни. Секогаш можете да се одбраните од ваквите напади. Вие најдобро знаете со кого редовно комуницирате во вашата банка и од која e-адреса добивате известувања и како вообичаено изгледаат тие. Екстензијата @ob.com.mk е првиот чекор за проверка на веродостојноста на пораката. Доколку не сте сигурни дали пораката е автентична, обратете се кај вашиот вообичаен контакт во Банката.
4. Обезбедете го вашиот компјутер
Пред да започнете со прелистување на интернет, треба да го заштитите вашиот компјутер од потенцијални злонамерни напади. За да го направите тоа, следете ги упатствата наведени подолу:
· Ажурирајте ги вашиот оперативен систем и софтверот.
· Инсталирајте антивирусен софтвер.
· Погрижете се вашиот антивирусен софтвер да биде во ажурирана состојба.
· Поставете огнен/заштитен ѕид (firewall) на вашиот компјутер.
5. Специфични заштитни мерки за паметните телефони
· Заштитете го вашиот телефон со (нетривијална) лозинка.
· Наместете го вашиот екран автоматски да се заклучува кога не се користи.
· Погрижете се да ги применувате сите ажурирања препорачани од вашиот системски провајдер.
· Преземајте апликации само од официјални продавници за апликации (на пр., Apple Store, Google Play Store).
· Не отклучувајте го никогаш оперативниот систем на вашиот паметен телефон (на пр., jailbreak, rooting)
· Не складирајте никакви декриптирани доверливи податоци на вашиот паметен телефон.
· Инсталирајте антивирусен софтвер и одржувајте го во ажурирана состојба.
6. Направете проверка на вашата сметка
Со користењето на електронското и на мобилното банкарство можете да имате увид во вашата сметка постојано. Затоа проверувајте ја состојбата на вашата сметка и доколку забележите транскација која ви е чудна, сомнителна и непозната, веднаш пријавете на: (02) 15 050, или пак обратете се до вашиот референт со кој соработувате во Банката.
Заради безбедносни причини, активноста на вашиот банкарски веб-сајт се следи и се архивира 24/7, во согласност со банкарските прописи што се во сила и во согласност со релевантните закони за заштита на податоците. Каква било аномалија што ќе се детектира, ќе поттикне длабинска анализа, како и ад хок процедури за да се обезбедат сигурното функционирање и континуитетот на услугата во секое време.
www.ohridskabanka.mk
Контакт-центар: (02) 15 050