Во овој блог објаснуваме како може да се комуницира со Банката и да се аплицира за кеш кредит без да се посети експозитура.
8 мај, 2020 година
Неодамна настанатата вонредна состојба во државата предивзикана од Корона вирусот ја зголеми побарувачката на пари во домаќинствата. Следствено на тоа се зголеми и потребата од потрошувачки кредити. Но, за да се дојде до свежи извори на пари, а при тоа и да се почитуваат превентивните мерки за заштита од вирусот, клиентите во изминатиот период ја зачестија онлајн комуникацијата со Охридска банка.
Токму затоа, во овој блог објаснуваме како може да се комуницира со Банката и да се аплицира за кеш кредит без да се посети експозитура.
РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ПОНУДА НА KЕШ КРЕДИТИ НА ОХРИДСКА БАНКА
Нашата целосна понуда на кредити можете да ја разгледате на нашиот веб-сајт www.ohridskabanka.mk
Во моментот, достапни се две опции за кеш кредит и тоа:
· Лесен кеш кредит (2+8)
· Лесен кеш кредит (4+6)
Првата опција се однесува на фиксна каматна стапка за првите две години, а втората опција се однесува на фиксна каматна стапка за првите 4 години. И двете понуди можат да се разгледаат на следниот линк, како и да се прочитаат сите предности и потребни документи.
Во моментот, кеш кредитот е достапен со олеснителни услови, односно без административен трошок, а понудата 2+8 се одликува со каматна стапка од 5% за првите две години од отплатата на кредитот.
КОЛКУ ЌЕ МИ БИДЕ РАТАТА ЗА КРЕДИТОТ?
Откако клиентите ќе ја разгледаат понудата, најчесто прашуваат „колку ќе ми изнесува ратата за кредитот?“. За одговорот на ова прашање, на нашиот веб-сајт, откако ќе одберете тип на кредит, конкретно во случајов – кеш кредит, пред Вас се појавува кредитен калкулатор со кој можете да направите пресметка за износот на Вашиот месечен ануитет според одбраниот износ и рокот на отплата на кредитот.
Прво, потребно е да одберете опција за која сакате да аплицирате, потоа одбирате износ на кредитот, валута и рок на кредитот. Откако ќе ги внесете овие информации, кликнете „Пресметај“ и ќе добиете информативна пресметка.

САКАМ ДА АПЛИЦИРАМ ЗА КРЕДИТОТ
После разгледување на информативната пресметка, за да аплицирате за кредитот без да посетите наша експозитура, потребно е да кликнете на копчето „Аплицирај“ за да добиете електронски формулар во кој ќе биде потребно да внесете неколку информации со што ќе можете да испратите онлајн апликација за кредит.

Откако ќе ја пополните кратката онлајн апликација, потребно е да кликнете на копчето „Испрати“. Во најбрзо време, нашиот продажен тим ќе ја разгледа Вашата апликација и ќе Ве контактира за повеќе детали и информации во однос на документација и закажување состанок.

Со испраќање на онлајн апликација првенствено ќе се заштитите себеси, а и нашиот тим во експозитурите и ќе избегнете непотребен метеж. Дополнително, ќе заштедите време и следно останува да договорите соодветен термин за состанок во некоја од нашите експозитури.
ШТО ДОКОЛКУ САКАМ ДА АПЛИЦИРАМ ЗА СТАНБЕН КРЕДИТ?
За станбен кредит можете да аплицирате на истиот начин опишан како за кеш кредитите. Прво, ја отворате страницата за станбени кредити, одбирате тип на кредит кој најмногу Ви одговара, правите информативна пресметка и после кликате на копчето „Аплицирај“.
Во моментот, во Охридска банка е достапен станбен кредит со фиксна каматна стапка од 3,40% за првите десет години од отплатата на кредитот, без нотарски трошоци, без трошоци за проценка и без административен трошок.
Секако за дополнителни консултации, остануваме достапни преку:
Контакт центарот на Банката достапен на телефонскиот број 02 15 050
Контакт мејлот obinfo@ob.com.mk
Профилите на Охридска банка на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Линкдин.