Ве известуваме дека Охридска банка АД Скопје ќе врши исплата на пензии за месец Март 2020г., почнувајќи од 25.03.2020 година.
Скопје, 24 март, 2020г.
Почитувани,
Ве известуваме дека Охридска банка АД Скопје ќе врши исплата на пензии за месец Март 2020г., почнувајќи од 25.03.2020 година.
Во деновите, 25.03.2020, 26.03.2020 и 27.03.2020г., исплатата на пензии ќе се врши исклучиво преку мрежата на банкомати, при што на клиентите на располагање им стојат 120 банкомати на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија ширум земјата, каде може да подигнуваат готовина без провизија. Во овие три денови, клиентите - пензионери можат директно да ги користат своите дебитни картички за плаќања на ПОС терминали на продажни места со што дополнително ќе го намалат контактот со готовина.
Подигнувањето на пензиите на шалтери во експозитурите на Охридска банка АД Скопје, ќе се врши почнувајќи од 28.03.2020г., според однапред дефиниран распоред на исплата, се со цел ограничување на бројот на клиенти во експозитурите.
Распоред за исплата:
- Клиенти со пензија до 12.000 денари на 28.03.2020г. (сабота) и на 30.03.2020г. (понеделник)
- Клиенти со пензија од 12.001 – 16.000 денари на 31.03.2020г. (вторник)
- Клиенти со пензија над 16.001 денари на 01.04.2020г. (среда)
Согласно најновите мерки од Владата на Република Северна Македонија поврзани со ограничување на времето на движење на лица повозрасни од 67 години, ве известуваме дека од 28.03.2020 – 31.03.2020 г., дел од експозитурите ќе започнат со работа од 07.00 часот, a по овие денови ќе продолжат со редовното работно време објавено на веб страницата на Банката www.ohridskabanka.mk
28.03.2020г. експозитура Центар во Скопје и експозитура Централа во Охрид ќе работат од 07.00 – 13.00 часот
30.03.2020г и 31.03.2020г.. експозитурата во Битола и експозитурата во Охрид, како и скопските екзпозитури ќе работат од 07.00 до 16.00 часот. Останатите експозитури во наведените денови остануваат да работат со редовно работно време објавено на веб страницата на Банката
Ги известуваме клиентите, во следните денови да се насочат кон користење на мрежата на банкомати на Банката. А доколку имаат потреба од посета на експозитурите задолжително да ги почитуваат Препораките за превенција поставени на влезната врата на експозитурите.
Препорачуваме клиентите кои немаат дебитни картички, да аплицираат за некоја од дебитните картички на Охридска банка АД Скопје за да го намалат контактот со готовина и да ја зголемат својата безбедност.
АПЛИЦИРАЈ