Ве известуваме дека од 20.04.2020 година, Охридска банка АД Скопје ќе врши исплата на субвенции со тутун.
19.04.2020 година
Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека од 20.04.2020 година, Охридска банка АД Скопје ќе врши исплата на субвенции со тутун.
Клиентите кои поседуваат платежна картичка, средствата може да ги подигнат од банкомат во понеделник на 20.04.2020г., од 16.00 до 23.00 часот.
Почнувајќи од 21.04.2020 година (вторник), исплатата на субвенциите ќе се врши и во експозитурите на Банката.
Со цел намалување на гужвите во експозитурите, направен е план за исплата, по азбучен ред, според првата буква од презимето на клиентите:
• На 21.04.2020 (вторник) ќе се исплаќаат субвенции на клиенти со презиме на буквите од А до Д
• На 22.04.2020 (среда) ќе се исплаќаат субвенции на клиенти со презиме на буквите од Ѓ до К
• На 23.04.2020 (четврток) ќе се исплаќаат субвенции на клиенти со презиме на буквите од Л до Р
• На 24.04.2020 (петок) ќе се исплаќаат субвенции на клиенти со презиме на буквите од С до Ш
Охридска банка апелира за намалена посета на експозитурите, односно подигнување на средства од мрежата на банкомати на Банката, како и мрежата на банкомати на Шпаркасе Банка Македонија, со што подигнувањето средства со дебитна картичка на банкоматите на двете банки е без провизија.
ВАЖНО: Клиентите корисници на субвенции од тутун не се обврзани да ги подигнат средствата од сметка во деновите означени во планот за исплата, истите може да ги подигнат и во други денови, или да ги користат во трговија преку своите платежни картички.