Охридска банка АД Скопје ја известува јавноста дека од понеделник (4 мај, 2020 година) почнува со предвремена исплата на паричните права од социјална заштита за април 2020 година.
Охридска банка АД Скопје ја известува јавноста дека од понеделник (4 мај, 2020 година) почнува со предвремена исплата на паричните права од социјална заштита за април 2020 година, согласно усвоената Информација за исплата на парични права од социјална заштита за април 2020 година на четириесет и седмата седница на Владата на Република Северна Македонија.
Исплатата на паричните права од социјална заштита (гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок на плата за скратено работно време, додаток за домување, траен надоместок) ќе се одвива во четири дена согласно утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето, и тоа:
- 4 мај (понеделник) – А, Б, В, Г, Д;
- 5 мај (вторник) – Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К,Л;
- 6 мај (среда) – Љ, М, Н, Њ, О, П; Р;
- 7 мај (четврток) – С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Средствата од социјалната заштита ќе бидат достапни преку мрежата од 120 банкомати на Охридска банка и Шпаркасе банка Македонија за имателите на дебитни картички, каде што подигнувањето средства е без провизија, како и благајните на сите отворени експозитури на Охридска банка АД Скопје.
Охридска банка апелира на почитување на мерките за превенција од Корона вирусот како што се задолжителното носење на респираторни маски или марами при посета на експозитура, задолжително растојание од 2 метри при чекање ред пред банкомат, или на благајна.