Важни аспекти на процесот на издавање на домашни платежни картички од Охридска банка АД Скопје
Почитувани клиенти,
Во согласност со Уредбата на Владата за издавање на домашни платежни картички, ве известуваме дека Охридска банка АД Скопје ќе биде активно вклучена во процесот на издавање на картичките.
Владата на Република Северна Македонија креираше наменска веб страница www.kupuvamdomasno.gov.mk каде ќе може клиентите да направат проверка во која банка се распределени, односно од која банка ќе им биде издадена домашната платежна картичка.
Важни аспекти на процесот на издавање на домашни платежни картички од Охридска банка АД Скопје
Клиентите кои се распределени платежната картичка да ја подигнат од Охридска банка, потребно е да го имаат во предвид следното:
- во моментот се врши изработка на платежните картички и Банката ќе ги конактира клиентите да пристапат кон подигнување на картчките штом тие бидат изработени и доставени до мрежата на .експозитури ширум земјата.
- издавањето на картичките ќе се врши преку мрежата на експозитури на Банката по 01.07.2020 година
- клиентите треба да се информираат во Банката од која експозитура треба да ја подигнат својата платежна картичка
- информацијата од каде треба да ја подигнат картичката може да ја добијат на телефонскиот број на Контакт центарот на Банката 02 15 050, или пак во некоја од експозитурите на Банката
- постојните клиенти на Банката, новата картичка ќе може да ја подигнат во својата матична експозитура
- клиентите на кои Банката им отвори трансакциска сметка за оваа намена, информацијата за местото на подигнување на картичката може да ја добијат на телефонскиот број на Контакт центарот на Банката 02 15 050. Доставата на потребните информации за отварањето на трансакциската сметка ќе се врши преку меил адресата dpkinfo@ob.com.mk
- Финансиската помош доделена со домашната платежна картичка ќе може да се користи од денот на подигнување на картичката од Банката, најдоцна до 15.08.2020 година. По истекот на овој период, престанува можноста за користење на финансиската поддршка. Временскиот рок за користење на средствата е определен во рамки на Уредбата донесена од страна на Владата на Република Северна Македонија
За кого е наменета домашната платежна картичка
Според Уредбата донесена од страна на Владата на Република Северна Македонија, финансиската помош доделена со домашната платежна картичка е наменета за:
- граѓани со низок доход
- вработени лица со низок доход,
- млади лица на возраст од 16 до 29 години
- здравствени работници ангажирани во справување со Covid - 19
Каде и за што може да се користи домашната платежна картичка
Домашната платежна картичка може да се користи за купување македонски производи и услуги во:
- ресторани, кафулиња, сместувачки капацитети, достава на храна и сл.,
- трговија на мало
- аптеки
- зелени пазари
- фризерски салони и салони за разубавување
Односно, картичката не може да се користи на банкомати, нема можост со неа да се плаќа во странство, нема можност да се прави конверзија на валути, нема можност за префрлување средства на други сметки и се останато што е дефинирано во согласност со Уредбата на сила.
Охридска банка АД Скопје, нема да наплатува провизии за одржување на наменските трансакциски сметки, ниту провизии по основ на издавање на домашната платежна картичка.
Клиентите кои имаат трансакциска сметка во Охридска банка, потребно е го разгледаат предвидениот Договор за издавање и користење Домашна платежна картичка и доколку се согласни со содржината да потпишат Изјава за согласност со сите одредби од Договорот за издавање на ДПК.
Клиентите кои во моментот немаат трансакциска сметка во Банката, потребно е да ги прочитаат двата Договори, односно Договор за отварање и водење на денарска трансакциска сметка, како и Договор за издавање и користење Домашна платежна картичка, и доколку се согласни со содржината да потпишат Изјава за согласност со сите одредби од Договорот за издавање на ДПК и Договорот за отворање и водење на денарска трансакциска сметка. Исто така оваа група на клиенти потребно е до Банката да достават и лицна карта, потребна за отварање и ажурирање на трансакциската сметка која ќе биде отворена за потребите на домашната платежна картичка.
Доколку корисник на домашната платежна картичка е малолетно лице кое нема валиден документ за идентификација (лична карта или пасош), потребно е присуство на родител/старател кој треба да приложи Извод од матична книга на родени. При подигнувањето на картичката, корисникот потребно е да потпише Изјава за согласност со сите одредби од Договор за издавање и користење Домашна платежна картичка или Изјава за согласност со сите одредби од Договорот за издавање на ДПК и Договорот за отворање и водење на денарска трансакциска сметка.
И двете групи клиенти Изјавата и личната карта може да ги достават по електронски пат, скенирани како криптиран (заштитен) документ на меил адресата dpkinfo@ob.com.mk , или пак лично да ги достават во матичната експозитура.
Сите дополнитени информации поврзани со издавањето на домашната платежна картичка, клиентите може да ги добијат на 02 15 050, на меил адресата dpkinfo@ob.com.mk , во експозитурите ширум земјата, или пак на наменската веб страница www.kupuvamdomasno.gov.mk