Имајќи го предвид императивот дека јавното здравје е заедничка одговорност, Охридска банка АД Скопје го продолжи периодот на укинати провизии за денарски трансакции на мобилното и електронското банкарство до 31-ви мај 2020 година.
16 април 2020 година
Имајќи го предвид императивот дека јавното здравје е заедничка одговорност, Охридска банка АД Скопје го продолжи периодот на укинати провизии за денарски трансакции на мобилното и електронското банкарство до 31-ви мај 2020 година.
Одлуката за оваа поволност е донесена во согласност со мерките за заштита и превенција од пандемијата предизвикана од Корона вирусот со што вработените и клиентите на Банката би останале безбедни, а редовниот сет на банкарски услуги би бил уште побрз.
Мобилното и електронското банкарство на Охридска банка АД Скопје нудат многу практични функционалности со кои целосно можат да се заменат посетите во експозитури, а банкарските услуги да се извршат преку мобилниот телефон или домашниот компјутер
.
Како дел од услугите што ги нуди мобилното банкарство и електронското банкарство се испраќање нотификација до корисникот секој пат кога ќе има прилив/одлив од неговата сметка за зголемена безбедност, плаќање сметки, лоцирање најблиските банкомати и експозитури, како и трговци каде што може да се плати со кредитна картичка на рати без камата, менувачко работење, печатење изводи за сметки и кредитни картички и уште многу други поволности.
Охридска банка АД Скопје апелира до своите клиенти да се насочат кон електронските канали на Банката за заеднички придонес кон јавното здравје.
{{Title}}
{{Intro}}
{{Superscription}}
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="" class="FeatImg"}}}
{{Caption}}
{{Author}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}