ЈАВЕН ПОВИК
за 47. седница на Собранието на акционерите на Охридска банка АД Скопје
Во согласност со одлуката на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје, НО бр. 0203 - 16188/3 од 22.3.2021 г., 47. седница на Собранието на акционери на Охридска банка АД Скопје ќе се одржи на ден 26.4.2021 година (понеделник), со почеток во 12 часот, во просториите на „Охридска Банка АД Скопје“, ул. Орце Николов бр. 54, 1000 Скопје.
За работата на 47. седница на Собранието на акционерите на Охридска банка АД Скопје, Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје го предлага следниот:
ДНЕВЕН РЕД
I. Процедурален дел
1. Отворање на Собранието.
2. Избор на работни тела:
– избор на претседавач,
– записничар (нотар) и комисија за броење гласови.
II. Работен дел
1. Утврдување на дневниот ред од работниот дел.
2. Усвојување на Записникот од 46. седница на Собранието на акционери на Банката
3. Воведно излагање на претседателот на Управниот одбор на Банката.
4. Годишен извештај за работењето на Охридска Банка АД Скопје за 2020 со писмено мислење изготвено од страна на Надзорниот одбор на Банката со:
- Предлог-одлука за усвојување на годишниот извештај за работењето на Охридска Банка АД Скопје за 2020 година и писменото мислење
5. Извештај за работењето на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје за 2020 година, од аспект на поединечните членови и колективно, со:
- Предлог-одлука за одобрување на работата на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје за 2020 година, од аспект на поединечните членови и колективно.
- Годишна оцена за соодветноста на членовите на Надзорниот одбор на Охридска банка за 2020 година.
6. Извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи на Охридска банка АД Скопје, со мислење на ревизорската куќа “ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија“ ДОО Скопје и писмено мислење по него изготвено од страна на Надзорниот одбор на Банката, со
- Предлог-одлука за усвојување на Извештајот на ревизорската куќа “ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија“ ДОО Скопје за работењето на Охридска банка АД Скопје за 2020 година и писменото мислење.
7. Годишна сметка и финансиски извештаи на Охридска Банка АД Скопје за 2020 година, со
- Предлог–Одлука за усвојување на Годишната сметка и финансиските извештаи на Охридска Банка АД Скопје за 2020 година,
- Предлог–Одлука за употреба и распоредување на остварената добивка на Охридска Банка АД Скопје со годишната сметка за 2020 година.
Се повикуваат акционерите на Охридска банка АД Скопје да присуствуваат и да учествуваат во работата на Собранието.
Секој акционер кој има намера да учествува на свиканото Собрание е должен да го пријави своето учество на Собранието најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание или со претходно доставување писмена пријава за учество на адресата на Банката:
Охридска банка АД Скопје
„Орце Николов“ бр. 54
1000 Скопје
со назнака „За Собранието на акционери“
Обрасците за пријава на учество на седницата може да се најдат на интернет-страницата на Банката www.ohridskabanka.mk.
Собранието ќе одлучува само за прашањата што се уредно ставени на дневниот ред, во согласност со Статутот на Банката и Законот за трговските друштва.
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин што е во согласност со Статутот на Банката и со одредбите од Законот за трговските друштва.
Секој акционер, со писмено полномошно, може да овласти друго физичко или правно лице како свој полномошник кој ќе учествува и ќе гласа на седницата на Собранието во негово име, за што е должен веднаш да ја извести Банката, а во спротивно ќе се смета дека не го дал полномошното. Деталните информации за начинот на овластување полномошник, обрасците за гласање преку полномошник и начинот на известување за овластување полномошник може да се најдат на интернет-страницата на Банката www.ohridskabanka.mk.
Акционерите, кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број на акциите со право на глас, можат во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на јавниот повик за свикување на Собранието, да предложат дополнување на дневниот ред на Собранието со барање за вклучување нови точки на дневен ред и да предложат за усвојување одлуки по секоја од точките што се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред на свиканото Собрание.
Секој акционер има право да поставува прашања по секоја од точките од дневниот ред на седницата или претходно, со доставување прашање во писмена форма на горенаведената адреса на Банката.
Детални информации за начинот на предлагање точки на дневниот ред, поставувањето прашања и предлагањето одлуки може да се најдат на интернет‑страницата на Банката www.ohridskabanka.mk.
Акционерите можат да се запознаат со материјалите од дневниот ред по којшто ќе работи Собранието и со дополнителните информации, во согласност со Законот за трговските друштва, во просториите на Охридска банка АД Скопје секој работен ден од 8.00 до 15.00 часот и на интернет-страницата на Банката www.ohridskabanka.mk.
НО.бр. 0203 - 16188/4 НАДЗОРЕН ОДБОР
Скопје, 22.3.2021 година Претседател,
Георг Бухер
Вкупен број на акции
Образец - полномошно за овластување полномошник правно лице
Образец - полномошно за овластување полномошник физичко лице
Поставување прашања од страна на акционери
Постапка за гласање преку полномошник
Пријава за учество на акционер - правно лице
Пријава за учество на акционер - физичко лице