Доколку инвестирате во стан, првата предност што ја добивате е екстра приход во домашниот буџет. Се прашувате како, нели?
Честопати за недвижностите се вели дека се стабилна вредност со тенденција да расте и во иднина. Токму од таа причина многу луѓе се одлучуваат за инвестиции во недвижности, а дополнително затоа што овој тип на инвестиции имаат повеќекратни предности за идните сопственици.
Денес разгледуваме топ 3 причини зошто СЕГА е одлично време за да купите стан, односно да инвестирате во недвижност.
Купивте стан? Честитки! Само што станавте сопственици
Најдовте стан на топ локација со одлична конекција со останатите делови од градот. Во близина имате неколку поголеми маркети, градинка и училиште, детски паркови и игралиште за фудбал и кошарка. Честитки! Само што станавте сопственици на Вашиот нов дом. Доколку претходно сте плаќале кирија, СЕГА го плаќате сопствениот дом.
Долгорочно гледано, недвижностите не ја губат вредноста, туку напротив, имаат тенденција да ја зголемуваат согласно пазарните услови во моментот. Па, од таа причина и да се одлучите да промените живеалиште, или да купите плац со големо дворно место и да градите куќа, Вие веќе имате стартен капитал.

Повеќе пари во домашниот буџет
Македонија е земја на европскиот ракометен шампион Вардар, на Охрид – градот колевка на словенската писменост, веројатно и на највкусната храна во Југоисточна Европа. Благодарение на претходно споменатите работи и секако, сите останати предности, земјата во последните годинии станува одлична туристичка дестинација. Погледнете на Јутуб само колку влогери ја посетија Македонија и ја истражуваа храната и туристичките локации.
Исто така, се сеќавате дека за Супер купот во 2017 во Скопје ги имавме европските великани Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед? Токму во таа година, во деновите пред и по натпреварот скоро сите туристички капацитети беа пополнети.
Доколку инвестирате во стан, првата предност што ја добивате е екстра приход во домашниот буџет. Се прашувате како, нели?
Едноставно. Изнајмување. Airbnb сервисот стана толку едноставен за користење, па доколку се придржувате до самите правила, можете да сместите меѓу 5 – 10 туристи во месецот и да наплатите колку за уште една плата. А, да не ги набројуваме сите останати сајтови преку кои можете да изнајмувате недвижнини.
Но, и доколку се одлучите да го изнајмувате станот на месечно ниво, повторно имате загарантиран пасивен приход.

Одлични пазарни услови за финансирање
Дури и да размислувате како ќе ја финансирате инвестицијата, токму СЕГА има одлични пазарни услови за финансирање. Во моментот, понудата на станбени кредити на Охридска банка Сосиете Женерал Ви нуди одлични услови.
Станбениот кредит „5+“ е со фиксна каматна стапка за првите пет години. Дали спомнавме дека до крајот на годината, 5+ е достапен без нотарски трошоци и без административен трошок за кредити со кредитно животно осигурување?
Дополнително, нашата Банка има склучено договори со повеќе од 40 градежни инвеститори со кои имате и дополнителни поволности.
Инвестирањето во недвижност носи голем број на предности од многу аспекти, а ова беа само дел од причините зошта ова е одлично време да купите стан. Па, доколку решивте дека СЕГА сакате да купите стан, можете да пресметате и аплицирате за 5+ станбениот кредит на копчето подолу.
АПЛИЦИРАЈ
