A+ / A-

МОЈА БАНКА - Мобилна банка на Охридска банка Сосиете Женерал

Нова верзија на апликацијата Моја Банка - модерен изглед и оптимизирано корисничко искуство.

МОЈА БАНКА апликација на Охридска банка Сосиете Женерал која Ви овозможува Вашиот мобилен уред да биде Ваша подвижна виртуелна експозитура преку која на брз, сигурен и лесен начин имате информација за сите Ваши сметки, кредитни картички, кредити, депозити, а можете да правите плаќања кога било и од каде било.

Апликацијата е бесплатна и можете да ја преземете преку Google Play Store или Apple App Store, а поддржува верзии на оперативните системи Android и IOS не постари од Android 4.2 и IOS 7.0.  Еден корисник може апликацијата да ја користи на максимум три различни уреди.

Достапна е за користење на 3 јазици: македонски, албански и англиски.

Со максимална сигурност на располагање Ви се следниве услуги:

  • Пристап до Вашите сметки, состојбата и расположливите средства, во секое време (преглед на состојба, промет за период, структура на картични трансакции, увид во извршените налози, амортизациони планови, напредно пребарување на налози, преглед на кредити, кредитни и дебитни картички, кредити, депозити и сл.)
  • Креирање на ПИН-код за поедноставно и побрзо најавување без да се загрози безбедноста на вашите финансиски информации
  • Користење на готови шаблони за брзи плаќања на сопствени сметки, уплати за кредити и кредитни картички и други плаќања
  • Користење на готови шаблони за брзо плаќање на режиски трошоци (вода и комуналии, струја, парно, телекомуникации, кабелски оператори, радиодифузна такса итн.)
  • Можност за менаџирање на дневниот лимит на картичка за плаќања на продажни места и за АТМ-и
  • Известувања за направени трансакции- нотификации за приливи/одливи од трансакциска сметка, како и за трансакциите направени со картичка
  • Извршување на налози за плаќање преку стандардните обрасци ПП30 и ПП50, со можност за избор од сопствените сметки (Мои сметки)
  • Извршување на конверзија на девизи помеѓу Вашите сметки
  • Калкулатори за пресметка на кредитните и депозитните производи на Банката
  • Курсна листа со напреден преглед
  • Локатор на банкомати и експозитури на Банката со можност за креирање на локациска маршрута, увид во работното време на филијалите и нивните контакт-податоци
  • Локатор на продажни места за плаќање на рати
  • Нотификациско сандаче за прием на известувања

Апликацијата можете да ја користите дури и доколку не сте клиент на Банката. Едноставно, само симнете ја апликацијата и ќе можете да ги користите јавно достапните услуги за нашите производи и услуги, геолокациските услуги за наоѓање на најблиска експозитура или банкомат.

Посетете ја најблиската експозитура и станете корисник на Моја банка.

Повеќе информации за овој сервис се достапни на (046) 261 000 или на e-mail: obsgnetsupport@ob.com.mk

Упатството за Моја Банка можете да го најдете ТУКА.

Политика за приватност при користење на личните податоци на производот Моја банка (мобилно банкарство)

принт

CLUB PREMIUM ПАРТНЕРИ

Станбен кредит

Бројни поволности при користење на Премиум картичките, во соработка со партнерите на Club Premium

Почувствувајте ја разликата и уживајте во широкиот спектар врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!