Предности
- Рок на отплата до 1 година
- Денарски, денарски со девизна клаузула и девизни кредити
- Можност за отплата со еднократна отплата или во еднакви месечни и квартални месечни ануитети
- Износот на кредитот и каматната стапка зависат од кредитоспособноста и бонитетот на комитентот, од квалитетот и вредноста на понудениот колатерал, како и од потребите на барателот на кредитот.
- Овие кредити можат да се одобруваат како посебни кредити или да бидат исплатени од веќе одобрениот рамковен кредит.
Денарски краткорочни кредити
Кредитите се наменети за премостување краткорочни финансиски гапови и за финансирање краткорочни бизнис-циклуси.
Каматна стапка
- Каматната стапка се движи од 4,25 % до 9,10 % годишно и може да биде фиксна и варијабилна.
Девизни краткорочни кредити:
Наменети се за финансирање краткорочни потреби на клиентите за обртни средства и за намирување обврски спрема странски партнери. Корисниците се правни лица кои се извозно ориентирани.
Каматна стапка
- Каматната стапка се движи од 4 % до 8,85 % годишно и може да биде фиксна и варијабилна*.
Исплата
- На трансакциската сметка на правното лице со соодветна конверзија на одобрените девизни средства по куповниот курс на Охридска банка на денот на одобрување на кредитот
- За плаќање во странство, по налог на корисникот на кредитот.
Начин на плаќање на обврските
- Во девизи ако тие потекнуваат од приливи од нерезиденти
- Во денари по продажниот курс на Охридска банка
Надоместоци и обезбедување
- Провизии во зависност од договорените услови на кредитот и од тарифата
- Обезбедување со вообичаени инструменти: хипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети, банкарска гаранција и сл.
* Листа на референтни каматни стапки