A+ / A-

Кодекс на етика на Охридска банка Сосиете Женерал

Со цел да обезбеди одговорно работење, Охридска банка АД Скопје се потпира наглавните принципи на добро управување и бизнис-однесување коишто важат зацелата групација „Societe Generale“. Тие принципи се базирани на силни етички норми,професионални стандарди и корпоративни вредности: чесност, доверба, лојалност иинтегритет.

Цел на Кодексот е да ги запознае клиентите, вработените, инвеститорите, како идобавувачите и давателите на услуги со минималните стандарди на добратабанкарска практика кон која ќе се придржува Банката во своето работење, што епредуслов за создавање добри односи помеѓу сите, како и за нивна меѓусебнакомуникација.

Банката ќе овозможи овој Кодекс да биде достапен на македонски и на англискијазик на интернет-страницата на Охридска банка АД Скопје, а во исто време ќеобезбеди транспарентност за сите заинтересирани страни.

Целокупната содржина на Кодексот на етика на Охридска банка Сосиете Женерал, може да ја погледнете тука.

принт

Oпштествена одговорност

Преку спонзорства и донации Охридска банка демонстрира општествена одговорност...