Клуб Премиум Добредојдовте во светот на премиум-банкарството, каде што обезбедувањето услуги на највисоко ниво е врвен приоритет.
Премиум-услуги и производи приспособени за Вас!
Штом ќе зачекорите во светот на премиум-банкарството на Охридска банка и штом ќе станете дел од Клуб Премиум, Ве чекаат редица врвни услуги со привилегирано корисничко искуство, производи што се флексибилни и приспособливи на Вашите барања и загарантирана дискреција на највисоко ниво.
Клуб Премиум ги вклучува следниве производи и услуги:
Ваш личен банкар во ексклузивната ВИП експозитура
Посебни заштеди и производи со осигурување
Кредити со привилегирани услови и приоритетно одобрување
Придобивки при повлекување готовина, конверзија на валута и трансакции
Патничко осигурување за цел свет за Вас и за членовите на вашето семејство, при плаќање со:
дебитната картичка Mastercard Gold
кредитната картичка Platinum
кредитната картичка Platinum Diamond екслузивна за ВИП клиентките
Многубројни попусти и привилегии со партнерите на Клуб Премиум (листа на Клуб Премиум партнери )
ВИП експозитура
Таа е прва и единствена на пазарот од ваков вид. Дефинираниот концепт на премиум-банкарството во Охридска банка, Ви нуди удобност, врвна и квалитетна услуга, флексибилност, високо професионален деловен однос и советодавна улога во комуникацијата со клиентите.
Експерите со своето знаење и искуство Ви стојат на располагање за да Ви помогнат да дојдете до најдобрите решенија за различните финансиски потреби:
Врвни специјалисти за ВИП клиенти во улога на персонален банкар и апсолутен партнер на целото семејство Експертска помош во решавање на сите финансиски предизвици и инвестиции Посветен тим кој работи на реализирање на специфични барања и креирање персонализирани производи Советодавна улога и грижа за финансиското работење на секој ВИП клиент.
Контакт
Адреса: ул. „Орце Николов“ 54, Скопје
Телефон: 02 15 050
Како можеме да Ви помогнеме?
Доколку Ви се потребни повеќе информации, не двоумете се да ни поставите прашање и ние ќе Ви одговориме во најкусо време.
Постави прашање