Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации Контакт-центар: (02) 15 050 obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ-поддршка Контакт-центар: (02) 15 050 obsgnetsupport@ob.com.mk
Сподели ја страната на некој од социјалните медиуми:

Системски информации

04.03.2020

Надминат е прекинот на услуги од електронско банкарство

Почитувани, 

 

Ве известуваме дека е надминат техничкиот проблем заради кој имаше доцнење во испраќањето на смс нотификации и нотификации во склоп на мобилното банкарство и услугата повторно функционира навремено и точно. 

Благодариме на разбирањето.

 

Со почит,

Охридска банка

03.03.2020

Привремен прекин во системот за известувања на електронското банкарство

Почитувани, 

Ве известуваме дека сервисот за мобилно банкарство на Банката се соочува со прекин во системот за нотификации, како и системот за СМС известувања. Нашите служби работат интензивно на овој случај и во моментот кога ќе се реши прекинот, ќе бидете известени.  

Ви благодариме на разбирањето!

Со почит,
Охридска банка АД Скопје

12.02.2020

Најава за прекин на услуги од електронско банкарство на 12 февруари, 2020 година

Почитувани, 

Ве известуваме дека денес (12 февруари, 2020 година), ќе има прекин на сервисите за електронско и мобилно банкарство  меѓу 19:30ч. - 21:00ч. поради сигурносни надградби на серверите.  

Ви благодариме на разбирањето!

Со почит,
Охридска банка АД Скопје

10.01.2020

Најава за прекин на услуги од електронско банкарство на 11.01.2019

Почитувани, 

Ве известуваме дека на 11 јануари (сабота), 2019 година, ќе има прекин на сервисите за електронско и мобилно банкарство  меѓу 05:00ч. - 07:00ч. 

Ви благодариме на разбирањето!

Со почит,
Охридска банка АД Скопје

08.01.2020

Промена на меил адреса на Охридска банка за испраќање на известувања

Почитувани,

 

Би сакале да ве известиме дека започнувајќи од 14.01.2020, за сите известувања испратени по електронски пат (за дневни изводи на сметка, известувања за пристигнати приливи, изводи за платежни картички  и сл.), Охридска банка ќе ја користи следната е-маил адреса: ohridska.banka@ohridskabanka.com.mk.

 

Со почит,

Охридска банка

03.01.2020

Известување за неработни денови - 6ти и 7ми јануари

Почитувани клиенти,

 

Ве известуваме дека согласно Законот за празниците на Република Македонија, 6ти и 7ми јануари (понеделник и вторник), 2020 година се неработни денови поради што експозитурите на Охридска банка АД Скопје нема да работат.

Дополнително на располагање Ви стојат мрежата на банкомати, OBSGN@t и ПОС-терминалите на Банката.

 

Со почит,

 

Охридска банка АД Скопје

30.12.2019

Известување за скратено работно време и за неработни денови

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека експозитурите на Охридска Банка АД Скопје, на 31.12.2019 (вторник), ќе работат со скратено работно време.

работно време на експозитурите

Дополнително, согласно Законот за празниците на Република Македонија, 1-ви јануари (среда), 6-ти јануари (понеделник) и 7-ми јануари (вторник) 2020 година се неработни денови поради што експозитурите на Охридска банка АД Скопје нема да работат.

Дополнително на располагање Ви стојат мрежата на банкомати, електронското и мобилното банкарство, како и ПОС-терминалите на Банката.

Со почит,

Охридска банка АД Скопје

06.11.2019

ВАЖНО: Лажна Фејсбук страница се обидува да извлече лични податоци

Почитувани,

Во текот на вчерашниот ден се појави Фејсбук страница која го злоупотребува името на Охридска банка АД Скопје и која преку лажна наградна игра собира лични податоци.

 

Охридска банка АД Скопје нема никаква поврзаност со оваа лажна Фејсбук страница. Ве известуваме дека официјалните комуникациски канали и податоци за Банката се објавени на корпоративниот веб-сајт www.ohridskabanka.mk 

Официјалната Фејсбук страница на Охридска банка АД Скопје е достапна на овој линк

 

Апелираме до целата јавност да биде исклучително внимателна со своите лични податоци имајќи ја предвид сериозноста од злоупотреба на овие податоци од трети лица.

 

Охридска банка веќе ја пријави оваа злоупотреба во Фејсбук и ќе преземе понатамошни чекори за расчистување на овој случај во надлежните институции.

 

Благодарност до сите клиенти кои го пријавија овој случај во Банката.

Со почит,
Охридска банка АД Скопје

04.11.2019

ИЗВРШЕНА ПРОМЕНА НА СОПСТВЕНОСТА НА ОХРИДСКА БАНКА АД СКОПЈЕ

По утврдување на успешноста на понудата за преземање на акции издадени од Охридска банка АД Скопје од страна на Штаермеркише Банка и Шпаркасен АГ, денес беше извршена и промена на сопственоста на Охридска банка АД Скопје.

Имено, Штаермеркише Банка и Шпаркасен АГ ( Steiermärkische Bank und Sparkassen AG) друштво организирано согласно австриското право, со седиште на Sparkassenplatz 4, 8010 Грац, Австрија, се стекна со 472.839 акции и 91,5733% од гласачките права.

Сосиете Женерал Групацијата, друштво организирано според француско право, со седиште на 29 boulevard Haussmann, 75009 Париз, Франција, ги продаде сите 384.844 акции издадени од Охридска банка АД Скопје и со тоа своето учество во акционерскиот капитал во банката го сведе на 0 акции.

Охридска банка АД Скопје останува стабилен чинител во банкарскиот сектор, партнер на македонската економија, поддржувач на бизнисите, банка посветена на сите свои клиенти и вработени и банка ориентирана кон заедницата.

Деталите за преземањето на Охридска банка АД Скопје од страна на Штаермеркише Банка и Шпаркасен АГ, како и идните планови на Банката ќе и бидат официјално презентирани на јавноста на 8 ноември 2019 година.

 
53 
Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации (02)15 050 Контакт центар obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ поддршка (02)15 050 Контакт центар obsgnetsupport@ob.com.mk
Види ги сите локации во Македонија Мапа
Сподели ја страната на некој од социјалните медиуми: