Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации Контакт-центар: (02) 15 050 obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ-поддршка Контакт-центар: (02) 15 050 obsgnetsupport@ob.com.mk
Сподели ја страната на некој од социјалните медиуми:

Системски информации

30.04.2020

Известување за неработен ден - 1 мај 2020 година

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека согласно Законот за празниците на Република Северна Македонија, 1 мај (петок), 2020 година, е неработен ден поради што експозитурите на Банката нема да работат.

Дополнително на располагање Ви стојат мрежата на банкомати, мобилното и електронското банкарство, како и ПОС-терминалите на Банката.

На 2 мај (сабота), 2020 година, експозитурите Центар Беко - Скопје и Централа Охрид ќе работат со работно време од 08:00 до 12:00 часот.

Со почит,

Охридска банка АД Скопје

23.04.2020

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОМЕНА НА РАБОТНО ВРЕМЕ ОД 23.04.2020

Почитувани клиенти,

 

Ве известуваме дека согласно донесените Одлуки од Владата на Република Северна Македонија, во однос на намалување рестрикциите на движењето и на зголемување за заштитата на граѓаните, извршена е промена на работното време на Охридска банка.

 

Од денес, редовното работно време на Банката и на сите нејзини експозитури е од 08.00 до 16.00 часот, со исклучок на двете експозитури во Охрид, кои во период на исплата на априлските пензии, ќе работат со изменето работно време од 07.00 – 16.00 часот.

Во сабота ќе започнат со работа и двете експозитури, експозитура Центар во Скопје и експозитура Охрид Централа, со работно време од 09.00 до 13.00 часот.

 

Дополнително, во однос на Одлуката за зголемување на заштитата на граѓаните, ве известуваме дека носењето на заштитна маска и ракавици при посета на експозитурите и Деловните згради е задолжетелно. Банката ќе ги почитува Одлуките на Владата и нема да дозволува влез во експозитурите на лица кои со себе нема да имаат заштитна опрема.

16.04.2020

Известување за неработни денови - Велигден 2020

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека согласно Законот за празниците на Република Македонија, 17 април (петок) и 20 април (понеделник), 2020 година се неработни денови поради што експозитурите на Охридска банка АД Скопје нема да работат.

Дополнително на располагање Ви стојат мрежата на банкомати, мобилното и електронското банкарство, како и ПОС-терминалите на Банката.

Со почит,

Охридска банка АД Скопје

 

07.04.2020

Известување за промена на работно време од 08.04.2020

Почитувани клиенти,

 

Ве известуваме дека во согласност со Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за промена на времетраењето на полицискиот час на територијата на цела држава, Охридска банка изврши промена на работното време на експозитурите и на деловните згради во Скопје и Охрид. 

Деловните згради во Скопје и Охрид, како иподружниците кои во моментов се во функција ќе работат со работно време од 08.00 до 14.00 часот.

Од 08.04.2020 до 10.04.2020 година, експозитура Централа во Охрид и експозитура Мини Маркет во Охрид ќе работат од 07.00 до 14.00 часот

Повеќе информации за локациите и телефонските броеви на експозитурите кои се во функција може да погледнете на следниот ЛИНК или на (02) 15 050.

03.04.2020

Промена на работно време на ескпозитура Куманово

Почитувани, 



Ве известуваме дека заради вонредната состојба во државата, експозитурата во Куманово на Охридска банка АД Скопје ќе работи со изменето работно време, односно од 08:00ч. до 14:00.

 

Работното време на секоја експозитура можете да го погледнете на следниот линк.

 

Банката Ви останува достапна преку Контакт центарот на телефонскиот број 02 15 050, телефонските броеви на експозитурите, како и сервисите за електронско и мобилно банкарство, веб-сајтот www.ohridskabanka.mk и официјалните профили на Охридска банка на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Линкдин.

 

На располагање Ви стои и мрежата со повеќе од 120 банкомати на Охридска банка и Шпаркасе банка за повлекување готовина од дебитна картичка без провизија.



Со почит,
Охридска банка АД Скопје

02.04.2020

Известување: Прекин на банкомат 04.04.2020

Почитувани, 

 

Ве известуваме дека банкоматот, дел од експозитура Централа - Скопје, привремено ќе биде надвор од функција на 04.04.2020 година во периодот 05:30ч. - 08:00ч.

На располагање Ви остануваат достапни мрежата од 120 банкомати на Охридска банка и Шпаркасе банка Македонија без провизија за повлекување на средства од дебитна картичка, сервисот за мобилно и електронско банкарство на Банката, како и мрежата на експозитури

Ви благодариме на разбирањето!

Со почит,
Охридска банка АД Скопје

31.03.2020

Понуда за одложување на наплатата на кредитните обврски за 6 месеци

15.03.2020

Известување за работата на експозитурите на Охридска банка АД Скопје

Почитувани клиенти,

 

Експозитурите на Охридска банка во претстојниот период ќе бидат отворени и ќе работат според утврденото работното време достапно на овој линк, согласно препораките за Ковид-19.

 

Доколку чувствувате одредени симптоми на настинка, Ве молиме одложете ја Вашата посета на експозитурите. За зголемена превенција, Ве молиме држете се на безбедна дистанца од 1-2 метра при чекање ред.

 

За безбедноста на нашите вработени и клиентите, обезбедени се ракавици за вработените, како и антибактериски средства достапни за клиентите и за вработените. Хигиената и дезинфицирањето на нашите локации е со зголемен интензитет заради настанатата ситуација во државата.

 

Банката Ви останува достапна преку Контакт центарот на телефонскиот број 02 15 050, телефонските броеви на експозитурите, како и сервисите за електронско и мобилно банкарство, веб-сајтот www.ohridskabanka.mk и официјалните профили на Охридска банка на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Линкдин.

 

Јавното здравје е заедничка одговорност. Од нас зависи!

 

Со почит,

Ваша Охридска банка

13.03.2020

Известување за промена на работното време на експозитурите

 

Почитувани клиенти,

 

Ве известуваме дека согласно преземените мерки поврзани со препораките на Владата за Ковид-19, експозитурите на Охридска банка АД Скопје ќе работат со изменето работно време во периодот 11.03.2020 година - 24.03.2020 година. Работното време на секоја експозитура можете да го погледнете на следниот линк.

 

Експозитурата Аеродром 2 лоцирана на бул. Јане Сандански бр. 12, нема да работи од 16.03.2020 година - 24.03.2020 година. Експозитурата Карпош на ул. Партизански одреди бр. 101 и Аеродром 1 на бул. Јане Сандански бр. 113 А/30 нема да работат на 14.03.2020 година и 21.03.2020 година.

 

За сите Ваши прашања, остануваме достапни преку Контакт центар на 02 15 050, сервисите за електронско и мобилно банкарство, како и мрежата на банкомати.

 

Ви благодариме на разбирањето.

 

Со почит,

Охридска банка АД Скопје

 

11.03.2020

Работно време на Контакт центарот од 11.03.2020 - 24.03.2020

Почитувани, 

 

Како дел од низата мерки за превенција и заштита на вработените и на клиентите во согласност со препораките на Владата, Банката воведува привремено работно време на Контакт центарот.

Во периодот 11.03.2020 година - 24.03.2020 година, работното време на Контакт центарот е 09:00ч. - 17:00ч. 

Телефонскиот број на Контакт центарот на Охридска банка АД Скопје е 02 15 050.

Ви благодариме на разбирањето.



Со почит,
Охридска банка АД Скопје

 
52 
Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации (02)15 050 Контакт центар obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ поддршка (02)15 050 Контакт центар obsgnetsupport@ob.com.mk
Види ги сите локации во Македонија Мапа
Сподели ја страната на некој од социјалните медиуми: