A+ / A-

Хипотекарен кредит

Хипотекарните кредити се ненаменски кредити за физички лица - средствата се исплаќаат директно на сметката на должникот, и можат да бидат искористени за било каква намена.


За кого е наменет?

Македонски полнолетни државјани, кредитоспособни клиенти, иматели на тековна сметка во Охридска Банка со редовни примања. 


Максимален износ

50.000 ЕУР

Рок на отплата

максимум 240 месеци 

Каматна стапка

За кредити со 3 години фиксна каматна стапка - рок на отплата 20 години каматната стапка е фиксна за првите 3 години, од 5%  со/без кредитно животно осигурување. После 3-тата година каматната стапка е променлива и истата е збир од фиксна маргина и изнесува од 6,35% + 6 месечна стапка ЕУРИБОР со/без кредитно животно осигурување .

За кредити со променлива каматна стапка за цело времетраење на кредитот - рок на отплата 20 години каматната стапка од 5,60% + 6МЕУРИБОР со/без кредитно животно осигурување.

Каматните стапки се различни за различни клиентски групи, како и за кредити со и без кредитно животно осигурување.

Валута

денари со девизна клаузула (МКД со FX)


Административен трошок

ПРОМОТИВНИ УСЛОВИ ОД 14.02.2019 - 30.04.2019

*БЕЗ АДМИНИСТРАТИВЕН ТРОШОК за кредити со вклучено кредитно животно осигурување

*50% ПОПУСТ НА АДМИНИСТРАТИВЕН ТРОШОК за кредити без вклучено кредитно животно осигурување

Редовни услови:1,5%-2% од износот на кредитот и во зависност од клиентската група.

Предвремена отплата

  • Повластени клиенти и вработени- 0%
  • Останати- 2%

Останати надоместоци

Трошок за апликација 300 МКД, Трошок за меница од 100 до 500 МКД, трошок за одржување на трансакциската сметка 29 МКД месечно (за пензионери трошокот измесува 20 денари), трошоци за осигурување недвижен имот од сите ризици, трошок за проценка 2500 МКД.

Критериуми

  • Максималната возраст на главниот должник не смее да надмине 67 години
  • Договор за заснован работен однос на неопределено.


Исплата

  • Средствата се исплаќаат директно на сметката на должникот и можат да бидат искористени за било каква намена.


Обезбедување

  • Хипотека од прв ред со вредноост потврдена од проценител
  • Задолжително осигурување на недвижниот имот предмет на хипотека од сите ризици (пожар, поплави..) винкулиран во корист на Охридска банка Сосиете Женерал
  • Административна забрана за клиенти на платен список и иматели на сметки


Потребна документација

  • копија од валидна лична карта
  • потврда за висина на примања
  • за вработени во приватни фирми, образец М1/М2 и ПДД МП за последните 3 месеци



Како до кредит?

Многу едноставно:

  • Пополнете апликација за кредит;
  • Потребните документи доставете ги во некоја од нашите експозитури;
  • Во најкус можен рок ќе Ви го одобриме кредитот.


Документи:

Линкови


принт

Калкулатор за кредити

Најповолни услови и широко диверзифицирано, квалитетно портфолио на кредитни производи прилагодено според Вашите специфични барања, индивидуални потреби и желби