Долгорочни инвестициски кредити
Предности
- Рок на отплата до 7 години
- Грејс-период до 12 месеци
- Денарски, денарски со девизна клаузула и девизни кредити
- Можност за отплата во еднакви месечни, квартални и семестрални ануитети
- Износот на кредитот и каматната стапка зависат од кредитоспособноста и бонитетот на комитентот, од квалитетот и вредноста на понудениот колатерал, како и од потребите на барателот на кредитот.
Долгорочни денарски кредити
Кредитите се наменети за финансирање капитални инвестиции во основни и во трајни обртни средства.
Каматна стапка
- Каматната стапка се движи од 4,25 % до 9,60 % годишно и може да биде фиксна и варијабилна.
Долгорочни девизни кредити
Наменети се за набавка на постојани средства, за финансирање трајни обртни средства и за намирување обврски спрема странски партнери.
Каматна стапка
- Каматната стапка се движи од 4 % до 9,35 % годишно и може да биде фиксна и варијабилна*
Исплата
- На трансакциската сметка на правното лице со соодветна конверзија на одобрените девизни средства по куповниот курс на Охридска банка на денот на одобрување на кредитот
- За плаќање во странство, по налог на корисникот на кредитот.
Начин на плаќање на обврски
- Во девизи ако тие потекнуваат од приливи од нерезиденти
- Во денари по продажниот курс на Охридска банка.
Надоместоци и обезбедување
-
Провизии во зависност од договорените услови на кредитот и од тарифата
-
Обезбедување со вообичаени инструменти: хипотека на недвижен имот, залог на подвижни предмети, банкарска гаранција и сл.
* Листа на референтни каматни стапки