Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации Контакт-центар: (02) 15 050 obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ-поддршка Контакт-центар: (02) 15 050 obsgnetsupport@ob.com.mk
Сподели ја страната на некој од социјалните медиуми:

ДОКУМЕНТАРНО РАБОТЕЊЕ

Како дел од една од најголемите банкарски групации во Европа и во светот, како и благодарение на долгогодишното искуство во меѓународните пазари, Охридска банка АД Скопје, Ви нуди различни услуги поврзани со документарното работење.

ИНКАСО

Инкасото е инструмент кој се користи во меѓународното трговско работење и претставува наплата на одреден износ на средства преку банка врз база на презентација на одредена документација (фактура, транспортен документ, различни сертификати), при што банката се јавува во улога на посредник.

Инкасото е инструмент за плаќање кој е регулиран со Публикацијата 522 издадена од Меѓународната трговска комора во Париз со Еднообразните правила и обичаи за документарно работење.

Овој инструмент се користи за зголемување на сигурноста во работењето, посебно кога се работи за партнери од т.н. ризични земји.

Банката пушта документи на наплата – ностро инкасо, и прифаќа документи за плаќање – лоро инкасо.


ГАРАНЦИИ

Банкарската гаранција подразбира инструмент за обезбедување со кој банката по налог и во име на својот клиент презема неотповиклива обврска да плати одреден износ по барање на корисникот на гаранцијата доколку нејзиниот клиент не исполни одредена платежна или чинидбена обврска.


НОСТРО ДЕНАРСКИ И ДЕВИЗНИ ГАРАНЦИИ

По налог на клиентот во зависност од неговите барања и инструкции, Охридска банка АД Скопје ги издава следните денарски/девизни гаранции:

  • лицитациски гаранции
  • платежни гаранции
  • гаранција за враќање примен аванс
  • гаранција за навремено и квалитетно извршување на работите
  • гаранција за обврски во гарантен рок
  • гаранција за обезбедување на плаќање царински долг
  • гаранција за отплата на кредит
  • гаранции за ослободување на гарантен депозит
  • други видови гаранции во согласност со потребите на клиентот


Документи потребни за издавање/измена на ностро гаранции

  • Барање за издавање/измена на денарска/девизна гаранција
  • Неопходна документација (договор со странскиот корисник, профактура, фактура, нарачка, тендерска документација и др.)


ЛОРО ДЕВИЗНИ ГАРАНЦИИ

Охридска банка АД Скопје ги врши следните гаранциски услуги:

  • Прием на гаранции преку SWIFT или од корисникот во оригинал и идентификација на автентичноста на потписите
  • Нотификација – проследување на гаранцијата до корисникот
  • Проследување на Барање за наплата по лоро гаранција од корисникот до Банката гарант заедно со придружната документација.

Овластени потписници за електронски гаранции


ДОКУМЕНТАРНИ АКРЕДИТИВИ

Акредитивот е значаен платен инструмент во надворешната трговска размена со кој налогодавачот преку банката му става на располагање на корисникот одреден износ, кој тој може да го наплати по исполнувањето на одредени претходно договорени услови во даден временски рок.

Овој инструмент го намалува ризикот во работењето и ги штити интересите на двете договорни страни: купувачот се осигурува во врска со квантитетот и квалитетот на стоката и со рокот на испорака, а продавачот се осигурува дека ќе изврши наплата за испорачаната стока.


Предности од користење на инструментот

  • Најсигурен инструмент за меѓународно плаќање и обезбедување
  • Намалување на ризикот од работењето со странство
  • Меѓународно регулиран со Еднообразните правила и обичаи за документарни акредитиви
Видови на акредитиви
  • Ностро 
  • Лоро

Услови за отворање ностро акредитив

  • Уредно пополнет налог, образец 1451, со документација приложена од страна на увозникот, како и целосни инструкции во поглед на условите на акредитивот
  • Фактура или профактура како документ за стокови акредитиви
  • Покритие за отворање на акредитивот (обезбедени денарски или девизни средства ) или одложено покритие во согласност со политиката и со процедурите на Охридска банка.

Услови за отворање лоро акредитив

  • Уредно пополнет налог, образец 1451, со документација приложена од страна на увозникот, како и целосни инструкции во поглед на условите на акредитивот
  • Фактура или профактура како документ за стокови акредитиви
Во зависност од договорот со клиентите и од условите за плаќање, акредитивот може да биде: конфирмиран или неконфирмиран, пренослив, stand by, револвинг и сл.

Како можеме да Ви помогнеме?

Доколку Ви се потребни повеќе информации, не двоумете се да ни поставите прашање и ние ќе Ви одговориме во најкусо време.

Постави прашање
Име и презиме
Град
Е-маил
Телефон
Прашање
Внесете го кодот
CAPTCHA
Ги прифаќам општите правила и услови.
Сподели ја страната на некој од социјалните медиуми:
Изгубена картичка +389 (0)46 268 268
Информации (02)15 050 Контакт центар obinfo@ob.com.mk
ОБСГНЕТ поддршка (02)15 050 Контакт центар obsgnetsupport@ob.com.mk
Види ги сите локации во Македонија Мапа