MasterCard business картичка
MasterCard® Business картичка e меѓународна кредитна charge картичка наменета за правни лица резиденти и нерезиденти кои имаат отворено жиро сметка во Охридска Банка АД Скопје.

Со MasterCard® Business картичка може да се извршуваат следните функции:
- Платежна функција – за плаќање на стоки и и услуги , репрезентативни трошоци, хотелско сместување, патни трошоци во земјата и странство на сите продажни места каде што има инсталирано EFT POS уред кој припаѓа на MasterCard® мрежата, каде што има ознака на MasterCard® или Maestro® како и плаќање преку интернет ( резервација на хотели , купување на авио карти и сл.)
- Исплатна функција – за исплата на готовина на Cash Аdvance Outlet уредите на други банки во земјата и странство, како и за подигање на готовина на банкоматите, каде што е истакнат знакот на MasterCard®, Maestro®.
MasterCard® Business картичката се издава на име на правното лице и може да се користи од повеќе вработени кај правното лице.
Картичката функционира на принцип на одложено плаќање, а располагањето со средствата е ограничено на кредитен лимит кој се одобрува на ниво на правниот субјект и на ниво на поодделните корисници на картичките односно вработените лица. Вкупниот лимит на правното лице се одредува на основа на бонитетот на клиентот и деловниот приход од последниот пресметковен период.
Подмирувањето на доспеаните обврски кои настанале со користење на картичката во земјата и во странство се извршува во денари до 15ти. следниот месец.
MasterCard® Business картичката се издава со рок на важност од три години при првото издавање и три години за секое наредно обновување.
Предности на MasterCard® Business картичката
- Едноставно и безбедно користењето на MasterCard® Business картичката без провизии во трговската мрежа на повеќе од 29 милиони локации било каде во светот.
- Бескаматен период од максимум 45 денови
- Достава на бесплатен месечен извод за следење на сите потрошоци направени преку користењето на вашата MasterCard® Business картичка
- Издавање на неограничен број на картички за вработените лица во Вашата компанија
- Конципирање на дневни лимити по поодделни картички според специфичните барања и потреби на Вашата компанија
- Бесплатно осигурување на имателите на MasterCard Business картичката
Потребни документи за издавање на MasterCard® Business картичка:
- Пополнето барање
- Лична/и карта/и на корисниците на дополнителна/и картичка/и
- Биланс на состојба и биланс на успех за претходната година
- Заклучен лист за последниот квартал од тековната година
- Промет на жиро сметка за последните 6 месеци
- Копија од решение за регистрација на претпријатието со сите прилози
- Известување од завод за статистика на РМ за распоредување по дејности
- Тековна состојба
- Изјава / Согласност за проверка на кредитна изложеност
- Потпишан Договор за издавање и користење на Business Charge картичка
- Обезбедување
- Друга документација
Надоместоци за користење на MasterCard® Business