Сметки 

Денарски и девизни сметки за извршување на сите финансиски трансакции

Денарскасметка за резиденти

Девизнасметка за резиденти

Денарски и девизнисметки за нерезиденти

Предности
Документи што ги обезбедува клиентот
Документи што ги обезбедува Банката

Отворање и водење денарски трансакциски сметки и трансакциски сметки за посебни намени на клиенти правни лица резиденти за сите платежни трансакции во земјата

  • Брзо и ефикасно извршување на сите Ваши налози за плаќање
  • Увид во состојбата и во прометот на Вашата сметка со гарантирана тајност на податоците
  • Избор на опции и на време за извршување на налозите
  • Изработка на различни видови потврди на Ваше барање
  • Пониски трошоци при извршување налози по електронски пат: преку електронско банкарство за правни лица OBSGN@t
  • Доставување изводи за промените на сметката на начин кој најмногу Ви одговара (лично во експозитура, по факс, пошта, електронска пошта) 
  • Бизнис пречекорување - користење на дозволено пречекорување на трансакциска сметка

  • Решение за упис или тековна состојба од трговскиот регистар, од регистарот на други правни лица, односно за упис во регистерот на надлежен орган на РМ, ако уписот во регистар е пропишан со закон (не постаро од 3 месеци, копија или оригинал), или акт од надлежниот орган за основање, ако учесникот не е запишан во регистар или извод од закон, ако учесникот е основан согласно со закон
  • Решение од надлежниот суд за отворање на стечајна/ликвидациска постапка или известување од Централниот регистар на РМ до банките за отворање стечајна постапка
  • Копија од валидна лична карта или пасош од овластените лица, законскиот застапник и од вистинскиот сопственик
  • Образец ЗП (во хартиена или во електронска форма) – оригинал или заверен на нотар, на лицата овластени за застапување
  • Финасиски извештаи за последната финансиска година (доколку клиентот е новооснована фирма доставува проекции)


*Доколку се утврди дека вистински сопственик на компанијата е правно лице, и за овој субјект е потребна истата документација.

**Доколку вистинскиот сопственик е странско правно лице, потребна е заверка на документацијата со апостил и со превод на македонски јазик од овлатен судски преведувач.

***Доколку вистинскиот сопственик е физичко лице, треба да се достави валидна лична карта или пасош (доколку е нерезидентно лице, потребна е заверка со апостил и превод на македонски јазик од овластен судски преведувач).

Банката го задржува правото да побара дополнителна документација доколку во процесот на анализа оцени дека има потреба од тоа.


Предности
Документи што ги обезбедува клиентот
Документи што ги обезбедува Банката
  • Брзо и ефикасно извршување на сите налози за плаќање
  • Увид во состојбата и во прометот на сметката со гарантирана тајност на податоците
  • Избор на опции и време за извршување на налозите
  • Изработка на различни видови потврди по барање
  • Пониски трошоци при извршување налози по електронски пат: 24 часа на ден со електронско банкарство за правни лица OBSGN@t
  • Доставување изводи за промените на сметката на начин кој најмногу му одговара на клиентот (лично во експозитура, по факс, пошта, електронска пошта)
  • Решение за упис или тековна состојба од трговскиот регистар, од регистарот на други правни лица, односно за упис во регистарот на надлежниот орган на РМ, ако уписот во регистар е пропишан со закон (не постаро од 3 месеци, копија или оригинал), или акт од надлежниот орган за основање, ако учесникот не е запишан во регистар или извод од закон, ако учесникот е основан согласно со закон
  • Решение од надлежниот суд за отворање на стечајна/ликвидациска постапка или известување од Централниот регистар на РМ до банките за отворање стечајна постапка
  • Копија од валидна лична карта или пасош од овластените лица, законскиот застапник и од вистинскиот сопственик
  • Образец ЗП (во хартиена или електронска форма) – оригинал или заверен на нотар, на лицата овластени за застапување
  • Финасиски извештаи за последната финансиска година (доколку клиентот е новоснована фирма, доставува проекции)
  • Писмено овластување на меморандум од фирмата потпишано од застапникот на фирмата за лицата овластени за отворање и работа со сметката и лична исправа на лицето што се овластува

*Доколку се утврди дека сопственик на компанијата е правно лице, и за овој субјект потребна е истата документација .

**Доколку вистинскиот сопственик е странско правно лице, потребна е заверка на документацијата со апостил и превод на македонски јазик од овлатен судски преведувач.

*** Доколку вистинскиот сопственик е физичко лице, треба да се достави валидна лична карта или пасош (доколку е нерезидентно лице,потребна е заверка со апостил и превод на македонски од овластен судски преведувач).

Банката го задржува правото да побара дополнителна документација доколку во процесот на анализа оцени дека има потреба од тоа.

*Изјавата за носител на јавни функции треба да ја потпишат и сите овластени лица што ќе располагаат со сметката (во хартиена или во електронска форма)

Предности
Документи што ги обезбедува клиентот
Документи што ги обезбедува Банката


  • Брза уплата и исплата на ефективни странски пари
  • Пренос на девизи помеѓу нерезиденти
  • Уплата на нерезиденти во домашни банки
  • Уплата од нерезиденти правни лица на резиденти во домашни банки (девизи и денари)
  • Исплата на денарски ефективи на нерезиденти
  • Плаќања на нерезиденти во денари
  • Информации за потребните документи се добиваат преку емаил адресата: obinfo@ob.com.mk
  • Пополнета пристапница од Банката за правни лица заверена со потпис и печат, вклучувајќи ги и потпишаната Изјава за носител на јавни функции и Листата на активности потпишана од управителот во согласност со тековната состојба (претходно е задолжително да се идентификува вистинскиот сопственик)
  • Потписен картон на лицата овластени да располагаат со средствата од сметката во два примерока
  • Договор за отворање нерезидентна сметка во два примерока

* Спoред општа дефиниција, нерезидентите се лица или организации кои работат и живеат во друга држава, a не во матичната земја, и остваруваат одреден приход во друга држава. 
Нерезиденти правни лица се сите оние што според Законот за девизно работење не се дефинирани како резиденти. Според одлуката за начинот и условите за отворање и водење на сметки на нерезиденти („Службен Весник“ 41/2007), како нерезиденти правни лица се категоризирани и дипломатските претставништва на странските земји или мегународните организации.

2019 Ohridska Banka