За банката

Тимски дух, иновација, посветеност и одговорност.

Профил на банката

Охридска банка Сосиете Женерал е универзална банкарска институција која od 2007 година припаѓа на една од најголемите финансиски групации во светот – групацијата Сосиете Женерал

Охридска банка Сосиете Женерал функционира според високите стандарди на Сосиете Женерал, почитувајќи ги четирите главни вредности на Групацијата: тимски дух, иновација, посветеност и одговорност.

Охридска банка Сосиете Женерал е верен партнер на македонската економија. Преку својата мрежа од 27 експозитури, како и двете деловни згради во Скопје и Охрид, банката негува долгорочни банкарски односи со своите клиенти, се карактеризира со лојалност, посветеност и препознатливост на пазарот.

Охридска банка Сосиете Женерал важи за банка која успешно ја синхронизира експертизата од Сосиете Женерал со искуството на својот тим во земјата.


Награди и признанија

Охридска банка Сосиете Женерал е носител на национални и меѓународни награди и признанија.
Имено, во 2016 година банката се закити со тројна круна од најзначајните меѓународни банкарски авторитети, како носител на три награди во категоријата „Најдобра банка за 2016 година“ според “Global Finance”, “Euromoney” и “The Banker”.  Во 2017 година Охридска банка Сосиете Женерал беше повторно прогласена за „Најдобра банка за 2017 година“ во македонија според “Global Finance” и “Euromoney”, додека пак во 2018 година банката повторно ја доби наградата „Најдобра банка во Македонија“ за 2018 година според “Global Finance”.

Покрај меѓународните награди, Охридска банка Сосиете Женерал континуирано добива награди и признанија и на домашната сцена, од значајни национални ентитети.


Основни податоци за Банката

Назив: Охридска банка АД Скопје

Седиште:

ул. Орце Николов бр. 54, 1000 Скопје

Република Македонија

Телефон: + 389 2 3167 600; Факс: +389 2 3117 164

e-mail: obinfo@ob.com.mk

Матичен број: 5004756

ЕДБ: MK4020995106987


Жиро сметка: 530000000000176

SWIFT: OHRDMK22

2019 Ohridska Banka