A+ / A-

Охридска банка дејствува во согласност со високите стандарди на Сосиете Женерал, почитувајќи ги притоа четирите вредности на Групацијата: тимски дух, иновативност, одговорност и посветеност. Основната стратегија на Охридска банка Сосиете Женерал е постојано унапредување на квалитетот на извршување на банкарските услуги и целосна посветеност кон задоволување на потребите на клиентите. Во сложената и динамична банкарска средина, центар на нашиот фокус останува клиентот. 

ДОВЕРБА – Во свет што постојано се менува, нашите клиенти сакаат одговорна и доверлива банка. Како тим, ние можеме да ги задоволиме Вашите потреби со пристап ориентиран кон услуги, зајакнат од нашата стручност и знаење. Како доказ за заемната доверба, секогаш можете да се потпрете на нашата поволна понуда. 

ДИСКРЕЦИЈА – Довербата е клучниот дел од секоја силна врска, тоа е и причината зошто работиме на дискретен начин. Чувањето доверливи информации, уредното и ефективно решавање на Вашите барања се составен дел од нашата услуга. 

РАЗБИРАЊЕ – Навистина сме заинтересирани да Ве запознаеме Вас, сите Ваши размислувања и планови, сите сомнежи и прашања - тука сме за да Ве слушнеме и да Ви помогнеме да добиете максимални придобивки од секоја ситуација. 

ЕКСКЛУЗИВНОСТ – За првпат на македонскиот пазар - експозитура која е секогаш на Ваше располагање. Стручноста и професионализмот на нашиот тим ќе придонесат за создавањето висококвалитетни и приспособени понуди, со единствена цел за задоволување на Вашите потреби и желби. 

принт

Бројни поволности при користење на Премиум картичките, во соработка со партнерите на Club Premium.