A+ / A-

Western Union

Western Union е светски лидер за услугата брз трансфер на пари со 150-годишна традиција. Услугите на Western Union се достапни на 500.000 локации, во повеќе од 200 држави и територии во светот.

Услугата на Western Union услугата е достапна само за приматели и испраќачи - физички лица, а парите пристигнуваат на целната дестинација за само неколку минути.

Потребни документи

За примање или за испраќање пари, клиентот е должен да поседува валиден документ за идентификација (лична карта или пасош).

Надоместоци

Провизиите за испраќање пари се фиксни во целата држава, а дефинирани се од страна на Western Union.

Охридска банка од 3.6.2009 година e официјален агент на Western Union во Македонија.
Сите експозитури на Охридска банка се целосно автоматизирани, што на клиентите им овозможува најдобар можен квалитет на услугата.
Клиентите не пополнуваат никакви формулари, а сè што треба да направат е:

  • При подигање пари, да дојдат лично во која било експозитура на Охридска банка со валиден документ за идентификација (лична карта или пасош) и со десетцифрениот контролен број на трансфер (MTCN). Нашите високообучени благајници ќе ги внесат сите неопходни податоци, а Вие за неколку моменти ќе ги имате Вашите парични средства.
  • При испраќање пари, на нашите благајници вербално им ги соопштувате сите неопходни податоци за реализација на трансферот. При испраќање пари, провизијата ја плаќате Вие, додека примателот го подигнува износот што Вие сте го уплатиле (без провизијата). За неколку моменти добивате испечатен формулар на кој е напишан десетцифрениот контролен број на трансфер (MTCN) кој треба да му го соопштите на примателот. Доколку ја одберете опцијата Western Union да го контактира примателот наместо Вас и да го извести дека му се пристигнати парични средства, како и да му даде информации за најблиската локација, неопходно е да го знаете комплетниот телефонски број на примателот, како и неговата адреса. Оваа услуга дополнително се наплаќа. 
принт

CLUB PREMIUM ПАРТНЕРИ

Станбен кредит

Бројни поволности при користење на Премиум картичките, во соработка со партнерите на Club Premium

Почувствувајте ја разликата и уживајте во широкиот спектар врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!