A+ / A-

СМС-известувања

Увид во состојбата и промените на трансакциска сметка, на дебитни и на кредитни картички, преку СМС-порака на Вашиот мобилен телефон во реално време.

Типови на СМС-известувања:

  • состојба на трансакциска сметка;
  • прилив на трансакциска сметка;
  • трансакции со платежни картички (плаќање со картичка на ПОС-терминал, плаќање преку Интернет и повлекување средства од банкомат).

Предности:

  • потврда за извршена трансакција;
  • проверка на износот на извршената трансакција;
  • известувања во врска со Вашата картичка;
  • заштита од повеќекратно реализирање на иста трансакција;
  • заштита од злоупотреба на картичката;
  • дополнителна безбедност при вршење трансакции.

Услугата СМС-известувања може да ја користат клиенти што имаат трансакциска сметка во Охридска банка и активен мобилен телефонски број од некој од мобилните оператори овластени на територијата на Република Македонија.

За услугата СМС-известувања може да аплицирате во која било експозитура на Охридска банка.

За дополнителни информации, обратете се на 046/261-000, на obsgnetsupport@ob.com.mk или во експозитурите на Охридска банка.

принт

CLUB PREMIUM ПАРТНЕРИ

Станбен кредит

Бројни поволности при користење на Премиум картичките, во соработка со партнерите на Club Premium

Почувствувајте ја разликата и уживајте во широкиот спектар врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!