A+ / A-

Сосиете Женерал


Сосиете Женерал е една од најголемите европски групации за финансиски услуги. Основана на диверзифициран универзален банкарски модел, Групацијата комбинира финансиска стабилност со стратегија на оддржлив развој и се стреми да биде референтна за релации во банкарството, препознатлива на нејзините пазари, блиску до клиентите, одбрана за квалитетот и посветеноста на своите тимови.

Сосиете Женерал веќе 150 години игра витална улога во економијата. Со повеќе од 148,000 вработени во 76 земји, придружуваат 32 милиони клиенти низ целиот свет на дневна основа. Тимовите на Сосиете Женерал нудат совет и услуги за физички и правни лица и институционални клиенти во три клучни бизниси:

  • Банкарство на мало во Франција со мрежата на експозитури на Сосиете Женерал, Кредит ду Норд и Бурсорама, нудејќи широк спектар на мултиканални финансиски услуги водени од дигиталната иновација;
  • Меѓународно банкарство на мало, финансиски услуги и осигурување со присуство во растечки економии и водечки специјализирани бизниси;
  • Корпоративно и инвестициско банкарство, приватно банкарство, управување со средства и услуги со хартии од вредност, со препознатлива експертиза, врвно меѓународно рангирање и интегрирани решенија.

Сосиете Женерал е вклучена во главните меѓународни инвестициски индекси за општествена одговорност: Dow Jones Sustainability Index (Европа), FTSE4Good (Глобално и Европа), Euronext Vigeo (Глобално, Европа, Еврозоната и Франција) и 5 од STOXX ESG Leaders индексите.

За повеќе информации може да следите на твитер @societegenerale или да ја посетите веб страната www.societegenerale.com

Сосиете Женерал: 150 години

Во 2014 година, Сосиете Женерал Груп ја слави 150 годишнината со фокус на претприемачкиот дух, иновациите и тимскиот дух. Основана од група на индустријалци и финансиери, самото име на банката ја илустрира нивната амбиција: "Société Générale pour favoriser le développement du commerce et de l’industrie en France” (Сосиете Женерал за подршка на развојот на трговијата и индустријата во Франција), како што е напишано во царскиот декрет потпишан од Наполеон III на 4 мај 1864 година.

Сосиете Женерал секогаш му служела на економскиот развој, придонесувајќи во финансирањето на инфраструктурата која го симболизира модерниот свет и водечките француски групации. Сосиете Женерал беше меѓу првите француски банки кои отворија свои подружници во Лондон и во Русија во 1870те, пред проширувањето во Магреб, Њујорк и Африка и воспоставувањето операции во централно-европските земји.

Сосиете Женерал секогаш била во чекор со финансиските иновации. Преку силата која ја црпи од своите корени, ја наметнува својата банкарска визија за иднината, постојано го прилагодува својот бизнис во корист на клиентите, станувајќи на тој начин референтна банка на 21от век.

 

принт

Oпштествена одговорност

Преку спонзорства и донации Охридска банка демонстрира општествена одговорност...