A+ / A-

Профил на банката

Охридска банка АД Скопје е универзална банкарска институција со широк спектар на банкарски услуги во земјата и во странство. Банката има шестдецениско искуство и традиција, со значајно подобрување и развој низ трансаформациите на банкарскиот систем. Како самостојна, Охридска банка работи од 1995 година. Со јасна визија за развојот и ефикасното управување, Банката прерасна во современа финансиска институција од универзален тип со разгранета мрежа на експозитури, со широк асортиман на финансиски услуги, софистицирана информатичка технологија, дефинирана стратегија и високостручен кадар оспособен за вршење комплексни банкарски операции.

Во мај 2007 година, Сосиете Женерал (Société Générale) стана стратешки партнер на Охридска банка. На тој начин, Банката стана дел од оваа солидна интернационална финансиска групација. Сосиете Женерал (Société Générale) учествува со 70,02% во вкупниот капитал на Банката, а останатите 29,98% се во сопственост на правни и физички лица. Развојот на Банката е високодинамичен и обележан со пораст на обемот на работењето и постојаното збогатување на портфолиото со нови продукти и услуги, како и со проширување на обемот на активности и бројот на клиенти.

Охридска банка перманентно го зголемува финансискиот потенцијал и според вкупните средства Банката е рангирана на четврто место во банкарскиот систем.

Банката има развиено широка мрежа на кореспондентски односи со странски банки, што овозможува висококвалитетни услуги и брзо и ефикасно извршување услуги во платниот промет со странство. Основна стратегија на Охридска банка, Сосиете Женерал-Групација (Société Générale Group) е постојаното унапредување на квалитетот на извршување на банкарските услуги и негово целосно насочување кон задоволување на потребите на комитентите.

Преку својата централа во Скопје и широката мрежа од 27 експозитури на територијата на Македонија, Банката ги извршува сите банкарски трансакции во земјата и во странство, следејќи ги основните принципи на банкарското работење - стабилност, ликвидност, профитабилност и солвентност.

Акциите на Охридска банка АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза на хартии од вредност.

Потврдата за успешноста на Охридска банка се многубројните признанија како: Најдобра банка во Македонија за 2010 и 2016 според Еуромани; Најдобра банка во Македонија за 2016 г. според “Global Finance” и  “The Banker"; Награда за општествена одговорност за 2016 г. за концептот План за стан во категорија односи на пазарот од страна на Бизнис конфедерацијатана Македонија; Сертификат за компанија со добро корпоративно управување во 2008, 2009 и 2010 година, доделен од Стопанската комора на Македонија, Транспарентност нула корупција и Стопанската комора на северозападна Македонија; Награда за корпоративна филантропија за голема национална компанија во 2008 година, доделена од Центарот за институционален развој CIR-a; Признание за општествено одговорни практики од Министерството за Економија на Македонија, статусот Супербрендс 2009 изгласан од страна на организацијата Супербренд и Сертификат за благодарност, како признание за активно учество и посебен придонес во Националната програма за практикантска работа и Програмата за вработување на Проектот за конкурентност на УСАИД

принт

Oпштествена одговорност

Преку спонзорства и донации Охридска банка демонстрира општествена одговорност...