A+ / A-

Признание за општествено одговорни практики

Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија на 21. октомври 2015 година свечено ги доделија националните награди за општествено одговорни практики на претпријатијата во Македонија спроведени во 2014 година.

За наградите конкурираа 34 претпријатија со вкупно 50 проекти, од кои 10 мали и средни со 13 проекти и 24 големи со 37 проекти, во следните категории на општествена одговорност:

     - Вложување во заедницата

     - Односи кон вработените

     - Етичко управување

     - Односи на пазарот

     - Заштита на животната средина

     - Најинвентивна практика

Охридска банка конкурираше за награда за општествено одговорни практики во категоријата „односи на пазарот“ со проектот „Осигурување на платежни картички (кредитни и дебитни) - ИН Кардс“ и беше наградена со признание за успешно спроведена општествено одговорна практика во 2014 година.

Ова признание е уште еден доказ за посветеноста на Охридска банка кон општествено одговорно работење и грижа за пошироката заедница во која делува.


принт

Oпштествена одговорност

Преку спонзорства и донации Охридска банка демонстрира општествена одговорност...