A+ / A-

MASTERCARD PLATINUM КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Kредитната картичка MasterCard® Platinum Ви ги отвора вратите на поголема платежна моќ, истовремено нудејќи Ви предности и ексклузивни можности низ целиот свет.

MasterCard® Platinum совршено ќе се вклопи во Вашиот животен стил и ќе го поедностави Вашето секојдневие. Почувствувајте ја разликата и уживајте во широк спектар на врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!

Предности:

  • ексклузивен пакет на осигурителни услуги,
  • бесплатен пристап во престижните клубови „Sky“ и „Jet“ на аеродромот во Виена и во бизнис-клубот на аеродромот „НИКОЛА ТЕСЛА“ во Белград,
  • високи дневни лимити за трансакции во трговијата,
  • aвтоматско обновување на кредитниот лимит со секое отплаќање на минималната рата,
  • eдноставно плаќање на ратите преку електронското банкарство или со траен налог од трансакциска сметка,
  • можност за издавање дополнителни картички кон основната картичка.

Потребни документи за добивање картичка:

  • Барање за издавање и користење на MasterCard® GOLD дебитна картичка,
  • Валиден документ за идентификација – лична карта или пасош,
  • Потврда за плата, административна забрана и изјава за административна забрана, 
  • Меница и менична изјава.

ОСИГУРУВАЊЕ НА MASTERCARD GOLD ДЕБИТНИ КАРТИЧКИ

  • бесплатна заштита – осигурителната премија е покриена од страна на банката,
  • без дополнителни трошоци во случај на неочекувани настани опфатени со осигурувањето,
  • финансиска сигурност во случај на смрт поради несреќен случај за имателот на картичката,
  • и неговото семејство,
  • покриеност за неограничен број патувања насекаде во светот.

Осигурителни покритија

Медицинска помош:

  • медицински трошоци,
  • асистенција при репатријација,
  • посета од страна на член на семејството во случај на хоспитализација.

Помош при патување:

  • правна заштита во странство,
  • покритие надвор од земјата на живеење − авансни средства,
  • испраќање итни пораки,
  • покритие за испраќање колега на замена.

Задоцнување на багажот/летот

Смрт од незгода во странство

Губење и кражба на багаж

Смрт од незгода во земјата на живеење

Лична одговорност за настан во странство

Откажување/прекин на патувањето

МОЖНОСТ ЗА КУПУВАЊЕ НА РАТИ БЕЗ КАМАТА:

  • Можност за купување на еднакви месечни рати БЕЗ КАМАТА кај  трговци, партнери на Охридска банка;
  • Избор до 48 рати на продажното место;
  • Можноста за плаќање на рати и бројот на ратите го одредува секое продажно место поединечно;
  • Минимален износ на трансакција за плаќање на рати без камата е 2.000 МКД;
  • Вкупниот износ на трансакцијата на рати треба да е во рамки на кредитниот лимит што е на располагање, а ратите достасуваат како фиксни износи за плаќање, без камата, секој месец во зависност од избраниот број на рати.

ЛИСТА НА ТРГОВЦИ СО КОИ ОХРИДСКА БАНКА ИМА СКЛУЧЕНО ДОГОВОР ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ


Пример

Доколку Вашиот кредитен лимит е 100.000 денари и со картичката купите телевизор, чија цена изнесува 20.000 денари, Ви остануваат 80.000 денари на располагање на кредитната картичка. Кога ќе го добиете својот месечен извештај, можете да одлучите да го платите потрошениот износ во целост или делумно. Со 5% минимална рата, Вие би требало да платите 1.000 денари и 100% од достасаната камата. Доколку одлучите да платите 20.000 денари, тогаш Вашиот кредитен лимит ќе биде целосно обновен и нема да Ви се наплати камата. Каматната стапка е варијабилна и моментално изнесува 9,45%, а стапка на вкупни трошоци изнесува 9,88%.

* Условите се однесуваат на клиентите што примаат плата преку сметка во Охридска банка. Каматната стапка на кредитните картички е варијабилна и изнесува 9,45% (СВТ 9,88%), пресметана на 1.8.2014 година за вкупен износ на кредитен лимит до 50.000 денари и рок на отплата од 20 месеци. Каматната стапка е променлива во согласност со Политиката за каматни стапки, но не е повисока од законски дозволената каматна стапка. Сите останати трошоци поврзани со картичката се утврдени со Тарифата на надоместоци за услугите на Банката. Банката ги задржува правата за измени на условите. Банката не е одговорна за евентуални печатни грешки.

принт

CLUB PREMIUM ПАРТНЕРИ

Станбен кредит

Бројни поволности при користење на Премиум картичките, во соработка со партнерите на Club Premium

Почувствувајте ја разликата и уживајте во широкиот спектар врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!