A+ / A-

Платен промет во земјата

Општи информации

Платниот промет во земјата се уредува со Законот за платниот промет (Сл.весник на РМ 113/2007) и подразбира плаќања во денари кои ги вршат учесниците во платниот промет преку носителите на платниот промет.

Носители на платниот промет се Народна банка на Македонија, домашните банки, филијали на странски банки и Трезорот при Министерството за финансии, како посебен носител на платниот промет за буџетските корисници.

Учесник во платниот промет е домашно или странско, правно или физичко лице кое врши регистрирана дејност или друго физичко лице, кое врши плаќање во денари од својата трансакциска сметка преку носителот на платниот промет.

Поимот плаќање опфаќа уплата на готови пари на трансакциска сметка, пренос на парични средства од една на друга трансакциска сметка и исплата на готови пари од трансакциска сметка.

Трансакциска сметка е единствен и неповторлив нумерички податок според кој се идентификува учесникот во платен промет и преку која истиот ги врши плаќањата.

Согласно Законот за платен промет, платниот промет се извршува единствено преку трансакциски сметки кои се пријавени во единствениот регистар на трансакциски сметки и не дозволено плаќање меѓу учесниците во платниот промет кое не се извршува преку трансакциски сметки.

Учесникот на платен промет може да има повеќе трансакциски сметки кај еден носител на платен промет и може да има трансакциски сметки кај повеќе носители на платен промет.

Учесникот во платниот промет е должен за настанатите статусни и други промени писмено да ги извести носителите на платен промет кај кои има трансакциска сметка најдоцна во рок од три дена од денот на донесувањето на одлуката за статусните и други промени (член 14 од Законот за платен промет).

Охридска банка АД Скопје, Societe Generale Group е носител на платниот промет во земјата и на своите комитенти им нуди брз, едноставен и сигурен сервис во извршувањето на платниот промет.
На располагање Ви стојат сите експозитури на Банката на 11 локации во Скопје, 4 експозитури во Охрид, Струга, Ресен, Битола, Штип, Струмица, Кавадарци, Кочани, Велес, Кичево, Прилеп и Гевгелија како и софтверско решение за електронска комуникација OBSGN@t. Банката плаќањата за своите комитенти ги извршува во интерниот промет во кој се вклучени депонентите на Банката и во меѓубанкарскиот промет помеѓу депоненти на други банки преку МИПС и КИБС.
МИПС – Македонски Интербанкарски Платен Систем на Народна банка на Република Македонија претставува Систем за бруто порамнување во реално време, преку кој се процесираат големите плаќања над 1 милион денари и итните плаќања во помали износи.
КИБС – Клириншки Интербанкарски Систем претставува систем за одложено нето порамнување преку кој се процесираат плаќања помали од 1 милион денари.
Охридска банка АД Скопје, Societe Generale Group со новините што ги воведе како што се проширувањето на шалтерската мрежа и новата “електронска банка” со која можете преку Вашиот компјутер да доставувате налози, го следите прометот и добивате изводи од сметката, овозможен е нов квалитет во односите со клиентите.

Инструменти за плаќање

За извршување на плаќањата во платниот промет во земјата се користат следните инструменти (обрасци):

a) за готовински плаќања:

  • Образец ПП 10 - налог за уплата во готово (уплатница),
  • Образец ПП 40 - налог за исплата во готово,

б) за безготовински плаќања:

  • Образец ПП 30 - налог за пренос на средства,
  • Образец ПП 50 - налог за плаќање на јавни приходи,
  • Образец ПП 53 - налог за исплата на плата.

Термински план на плаќања

Охридска банка налозите-плаќањата од трансакциските сметки на учесниците во платниот промет во земјата ги извршува според следниот термински план:

1.Прием, обработка и испраќање на налози во хартиена форма на шалтерите на Банката:

  • за извршување преку КИБС (2) од 08:00 до 13:00 часот,
  • за извршување преку МИПС (1) од 08:00 до 16:00 часот,
  • за извршување на интерни налози (0) од 08:00 до 16:45 часот.

Во Сабота банката врши прием само на интерни налози од 08:00 до 12:30 часот.

2.Прием, обработка и испраќање на налози во електронска форма:

  • за извршување преку КИБС (2) до 14:00 часот,
  • за извршување преку МИПС (1) до 16:00 часот и
  • за извршување на интерни налози (0) до 16:45 часот.

3. Прием на хартиени и електронски налози за идни дати, неограничено.

принт
Курсна листа повеќе
Одберете датум: датум: 17.10.2017
193
17.10.2017, 00:00 - 17.10.2017, 23:59 Физички лица
  • Куповен Продажен
    Среден
Правни лица
  • Куповен Продажен
    Среден

Почувствувајте ја разликата и уживајте во широкиот спектар врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!