A+ / A-

Платен промет со странство

I. Општи информации

Платниот промет со странство ги извршува сите активности согласно Законот за девизно работење, Одлуката за начинот на вршење на платниот промет со странство и Упатството за начинот на вршење на платен промет со странство.
Службата за платни системи на Охридска Банка АД Скопје, во делот на работењето со платниот промет во странство нуди квалитетна, комплетна, брза и ефикасна банкарска услуга применувајќи најсовремени софтверски решенија и со воспоставување широка мрежа на кореспондентни банки-линк во светот.

II. Наплати/плаќања

Сите физички лица, резиденти и нерезиденти, може да вршат наплати и плаќања кон странство. Наплатите и плаќањата се извршуваат со ефективни странски пари и со користење на меѓународните инструменти за безготовински плаќања – чек, дознака-линк.

За наплата на средства од странство, крајниот корисник треба да му ги обезбеди следните податоци на налогодавачот на плаќањето:

  • Име, презиме и адреса на лицето
  • ИБАН број за Вашата девизна сметка
  • Следните податоци за нашата банка:
    Охридска банка АД Охрид
    Бул. Македонски просветители, бр. 19
    6000 Охрид
    SWIFT CODE: OHRDMK22

За плаќање во странство, неопходно е да ни ги доставите следните податоци:

  • Име, презиме и адреса на лицето, односно целосен назив и адреса на фирмата – краен корисник на плаќањето
  • ИБАН број и/или број на сметка
  • Целосен назив и адреса на банката на корисникот и нејзин SWIFT CODE

Банката го известува клиентот-резидент за извршена наплата од нерезидент најдоцна наредниот ден од приемот на покритието, а корисникот на наплатата – резидентот е должен во рок од пет работни дена од приемот на известувањето да ѝ ги достави на банката сите потребни податоци за одобрување на приливот. Банката ја одобрува тековната сметка на клиентот најдоцна наредниот ден по приемот на податоците.

Банката постапува по прифатен налог за извршување плаќање во странство со датум на валута најдоцна до третиот работен ден од датумот на прифаќање на налогот, во спротивно, за неприфаќање на налогот, банката го известува налогодавачот најдоцна до наредниот ден од денот на поднесувањето на налогот.

Сите наплати и плаќања од странство подлежат на специфичен девизен режим и на соодветна законска регулатива.

За вистинитоста на податоците и автентичноста на приложената документација, одговорност сносат корисникот на наплатата-резидент односно налогодавачот-резидент.

II-1. Прием на чекови на наплата во странство (инкасо)

Чекот е хартија од вредност којашто како посреден инструмент/документ за плаќање се користи во меѓународниот платен промет со странство.

Чекот претставува писмена исправа издадена во законски пропишана форма, во која издавачот на чекот (трасант) му дава налог на оној кој треба да му плати (трасат) на корисникот на чекот (ремитент), и тоа безусловно одреден износ наведен на самиот чек.

Банката издава и врши наплата на чекови што гласат на странска валута во зависност од нивниот тип и износ. Чековите можат да се преземат на финална наплата во странство, доколку сопственикот на чекот ѝ даде согласност на Банката за праќање на чекот на финална наплата. Банката го презема чекот издавајќи му на сопственикот изјава/потврда за прием на чекот и него го испраќа на наплата. За услугата, Банката наплаќа надоместоци согласно важечката тарифа, како и реалните трошоци поврзани со кореспондентните банки.

Банката нема влијание врз настанатите реални трошоци поврзани со странската банка. 

Чековите што се доставуваат на финална наплата во странство, Банката ги исплаќа по добивање на покритието од кореспондентната банка. Девизниот прилив намален за реалните трошоци на кореспондентната банка му се исплаќа на корисникот на чекот.

Трошоците што ќе произлезат за чековите што нема да бидат наплатени од странската банка се на товар на корисникот на чекот.

Напомена:

Странскиот чек може да биде вратен долго по неговата наплата, и тогаш задолжувањето од странската банка за претходно исплатен износ ќе биде пренесено/наплатено од лицето-корисник на средствата на чекот.

II-2. Дознака

Меѓународната дознака е најбрз и најефикасен начин за извршување плаќања и наплати од странство.
Плаќањата се извршуваат со средства по основ на приливи од странство, купени девизни средства на девизен пазар или девизен кредит, додека пристигнатите наплати може да се искористат за плаќања во странство или продажба на девизен пазар.

III. Инструменти за плаќање

Трансакциите во платниот промет со странство се извршуваат на законски пропишани обрасци коишто може да се доставуваат во хартиена или во електронска форма:

  • Образец 743 – извештај за наплата од странство
  • Образец 1450 – налог за извршување дознака во странство или извештај за исплата по акредитив

(тарифа за население)

принт

CLUB PREMIUM ПАРТНЕРИ

Станбен кредит

Бројни поволности при користење на Премиум картичките, во соработка со партнерите на Club Premium

Почувствувајте ја разликата и уживајте во широкиот спектар врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!