A+ / A-

Осигурување на орочени денарски депозити

Охридска банка во соработка со осигурителната компанија Граве, ви овозможува осигурување на вашите орочени денарски депозити.

Осигурување за депоненти со орочен/и денарски депозит/и во Охридска банка Сосиете Женерал - обезбедува осигурување на физички лица во случај на настанување на осигуран настан.

Што добива клиентот во случај на осигурен настан?

Охридска банка во соработка со Граве ви овозможува финансиски бенефит кој ќе се исплати на сметката на осигуреното лице или на назначеното лице и тоа:

  • Итен еднократен надомест од 500 ЕУР по осигурување
  • Вкупна сума еднаква на износот на орочениот денарски депозит на осигуреникот на датумот на случување на осигурениот настан, максимум 5500 ЕУР по полиса, за осигурување на орочени денарски депозити*
  • Во случај на смрт како резултат на болест фиксна сума од 25 ЕУР по осигурување

Покриени ризици 

  • Смрт како резултат на несреќен случај
  • Трајна и целосна загуба на способноста како резултат на несреќен случај
  • Смрт како резултат на болест

Начин на плаќање

Премијата изнесува 2 ЕУР месечно, фиксен износ пресметан во денарска противвредност според средниот курс на денот на месечните пресметки.

Премијата се пресметува и се наплатува на месечна основа од трансакциската сметка на клиентот.

Клучни предности  

  • поголема сигурност – осигурувањето на орочен денарски депозит овозможува посигурна иднина и финансиска поткрепа на семејството во случај на немил настан
  • брзо и лесно аплицирање – одобрување во рок од еден ден
  • едноставен начин на плаќање – месечна наплата директно од трансакциската сметка на клиентот
  • иновативна услуга како дел од банкарските продукти за првпат на пазарот

Како да аплицирате

Во која било експозитура на Охридска банка, членка на Групацијата „Сосиете женерал“.

 

*Клиентот има право да аплицира за минимум 1, максимум 3 полиси. Осигурената сума зависи од бројот на осигурувања. Во случај кога клиентот има повеќе од една полиса, при настанување на осигурениот настан, ќе добие удвоена или три пати поголема сума.

принт

Калкулатор за депозити

Конкурентни и флексибилни услови на депонирање на Вашите слободни парични средства, како и неколку видови депозити прилагодени според Вашите бизнис потреби и можности