A+ / A-

Осигурување депозити на население

Штедните влогови се осигурани во Фондот за осигурување депозити.

Согласно Законот за Фондот за осигурување депозити, Фондот ги обесштетува осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра по депозит во една банка или штедилница, пресметани по средниот курс на Народната банка на Република Македонија на денот на конечноста на решението од гувернерот за забрана за прибирање депозити, односно укинување на дозволата за работа.

Во наведениот износ се пресметува главнината на депозитот, договорената, пресметана и припишана камата и непристигнатата камата до денот на конечноста на решението на гувернерот за забрана за прибирање депозити, односно укинување на дозвола за работа, а обесштетувањето се исплатува во денари.

принт

Калкулатор за депозити

Конкурентни и флексибилни услови на депонирање на Вашите слободни парични средства, како и неколку видови депозити прилагодени според Вашите бизнис потреби и можности