A+ / A-

Citizen Commitment Games  

 

Охридска банка дел од глобалниот групациски предизвик

По Недела на солидарноста, велосипедските трки и останатите хуманитарни настани во организација на Сосиете Женерал, оваа година како дел од 150 годишнината Групацијата лансираше нов интерен групациски предизвик: Citizen Commitment Games!

Овој настан беше вистинска можност сите вработени да се вклучат во колективен и хуманитарен предизвик, како натпреварувачи или како поддржувачи. Citizen Commitment Games е повеќе од спортско натпреварување, тоа е глобален интерен корпоративен проект, кој ги обедини вработените околу оската на солидарност и тимски дух.

На 14 јуни 2014 се одржа финалето на Citizen Commitment Games во Париз, Франција. Дел од овој глобален групациски предизвик беа  4.500 натпреварувачи, 15.017 поддржувачи (донатори), 506 волонтери и собрани беа 790.000 ЕУР. Овие податоци сведочат за несекојдневниот успех на проектот кој допринесе за јакнење на тимскиот дух и чувството на припадност кон Групацијата, а со сигурност ќе допринесе и за подобар живот на многу лица, благодарание на соработката со голем број хуманитарни организации на глобално ниво.

Охридска банка исто така беше дел од Citizen Commitment Games, а победниците од локалните квалификации во Скопје, ја претставуваа банката на големото финале во Париз. Екипите BBB Kings (пинг понг) и Macedonian Lions (фудбал) достојно ја претставија Охридска банка на финалето и се вратија со позитивни впечатоци од целокупното искуство.

Нивните изјави сведочат за одличната организација на целокупниот настан на кој учествуваа повеќе од 630 натпреварувачи од целиот свет. На големото финале имаше 6 спортски дисциплини, а победници во секоја од одделните дисциплини се претставници од Брегот на слоновата коска, Република Чешка, Велика Британија, Индија и Франција.

Во овој предизвик учествуваа 20.000 вработени од многу земји и истиот ќе остане длабоко врежан во историјата на Групацијата. Овој проект е доказ за тимскиот дух и солидарноста кои одсекогаш биле во јадрото на Societe Generale Групацијата.

 

 

 

 

 

 

 

принт