A+ / A-

МОЈА БАНКА, Мобилна банка на Охридска банка Сосиете Женерал

Ваш мобилен 24/7-пристап до јавни и лични банкарски информации

МОЈА БАНКА апликација на Охридска банка Сосиете Женерал која Ви овозможува Вашиот мобилен уред да биде Ваша подвижна виртуелна експозитура преку која на брз, сигурен и лесен начин имате информација за сите Ваши сметки, кредитни картички, кредити, депозити, а можете да правите плаќања кога било и од каде било.

Апликацијата е бесплатна и можете да ја преземете преку Google Play Store или Apple App Store, а поддржува верзии на оперативните системи Android и IOS не постари од Android 4.2 и IOS 7.0.  Еден корисник може апликацијата да ја користи на максимум три различни уреди.

Достапна е за користење на 3 јазици: македонски, албански и англиски.

Со максимална сигурност на располагање Ви се следниве услуги:

  • Пристап до Вашите сметки, состојбата и расположливите средства, во секое време (преглед на состојба, промет за период, структура на картични трансакции, увид во извршените налози, амортизациони планови, напредно пребарување на налози, преглед на кредити, кредитни и дебитни картички, кредити, депозити и сл.)
  • Креирање на ПИН-код за поедноставно и побрзо најавување без да се загрози безбедноста на вашите финансиски информации
  • Користење на готови шаблони за брзи плаќања на сопствени сметки, уплати за кредити и кредитни картички и други плаќања
  • Користење на готови шаблони за брзо плаќање на режиски трошоци (вода и комуналии, струја, парно, телекомуникации, кабелски оператори, радиодифузна такса итн.)
  • Извршување на налози за плаќање преку стандардните обрасци ПП30 и ПП50, со можност за избор од сопствените сметки (Мои сметки)
  • Извршување на конверзија на девизи помеѓу Вашите сметки
  • Калкулатори за пресметка на кредитните и депозитните производи на Банката
  • Курсна листа со напреден преглед
  • Лоцирање на банкоматите и експозитурите на Банката со можност за креирање на локациска маршрута, увид во работното време на филијалите и нивните контакт-податоци
  • Нотификациско сандаче за прием на известувања

Апликацијата можете да ја користите дури и доколку не сте клиент на Банката. Едноставно, само симнете ја апликацијата и ќе можете да ги користите јавно достапните услуги за нашите производи и услуги, геолокациските услуги за наоѓање на најблиска експозитура или банкомат.

Посетете ја најблиската експозитура и станете корисник на Моја банка.

Повеќе информации за овој сервис се достапни на (046) 261 000 или на e-mail: obsgnetsupport@ob.com.mk

принт

CLUB PREMIUM ПАРТНЕРИ

Станбен кредит

Бројни поволности при користење на Премиум картичките, во соработка со партнерите на Club Premium

Почувствувајте ја разликата и уживајте во широкиот спектар врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!