A+ / A-

Мобилен токен, M-токен на Охридска банка Сосиете Женерал 

 М-токен е софтверска апликација којашто се инсталира и се користи преку мобилен уред, телефон или на таблет, а служи за идентификација (автентикација) на корисникот и за потврда на трансакции (плаќања) во системот за електронско банкарство за физички лица.

 Апликацијата М-токен можете бесплатно да ја преземете преку Google Play Store и/или Apple App Store.

Општи карактеристики:

 Компатибилност со уреди:

Апликацијата М-токен може да се користи на сите Android уреди и Apple мобилни телефони и таблети.

Поддржани верзии на оперативни системи:

  • Android 4.2 +;
  • IOS 6.1 +.

Достапни јазици за користење на апликацијата:

македонски, албански и англиски јазик.

Овозможени функционалности:

  • Генерирање еднократна лозинка (за автентикација на корисник за пристап во електронското банкарство;
  • QR скенирање MAC (за авторизација на трансакции);
  • Промена на ПИН;
  • Промена на јазик.

Провизии за користење на М-токен:

Активацијата и користењето на М-токенот е бесплатно за сите корисници.

Предности на М-токен

  • Лесен и сигурен пристап до електронското банкарство за физички лица;
  • Едноставен и јасен кориснички интерфејс;
  • Бесплатна активација и користење на апликацијата;
  • Лесна дистрибуција на активациски кодови;
  • Не е потребна интернет-конекција за користење на апликацијата (единствено,  потребен е интернет само при нејзиното активирање).

Корисничко упатство 

принт

CLUB PREMIUM ПАРТНЕРИ

Станбен кредит

Бројни поволности при користење на Премиум картичките, во соработка со партнерите на Club Premium

Почувствувајте ја разликата и уживајте во широкиот спектар врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!