A+ / A-

Kупување државни записи

Општи информации

Согласно Правилникот за начинот и постапката за издавање и исплата на државни хартии од вредност (Сл.весник бр. 99/05), како и Договорот за учество на примарен пазар на државни хартии од вредност, склучен меѓу НБРМ, МФРМ и Охридска банка АД Скопје, Охридска банка АД Скопје, како директен учесник, учествува на аукциите на државни записи во свое име и за своја сметка и во свое име и за сметка на индиректните учесници (правни и физички лица).

Постапка на купување државни записи

За учество на аукцијата на државни записи, индиректниот учесник треба најмалку еден ден пред одржувањето на аукцијата до Банката да достави лично или на факс пропишан образец Барање за купување државни записи, пополнет со сите барани податоци. Минималниот износ за учество на аукцијата изнесува 10.000,00 денари. Со доставувањето на барањето, индиректниот учесник го уплатува и дисконтираниот износ за купување државни записи (номиналната вредност намалена за износот на каматата), како и надоместокот од 100,00 денари за поднесеното барање. Заради регулирање на правата и обврските, по успешните понуди на аукцијата, Банката со индиректните учесници склучува Договор за посредување при запишување државни записи чиј составен дел е барањето. На денот на достасувањето на достасаните државни записи, Банката наплатува надоместок за извршената услуга во висина од 0,10% од номиналната вредност (најмалку 100 денари) согласно Тарифата за надоместоци за услугите што ги врши Охридска банка АД Скопје.

Контакт

За сите подетални информации, можете да се обратите на контакт-телефонот 046 206-656.

принт

CLUB PREMIUM ПАРТНЕРИ

Станбен кредит

Бројни поволности при користење на Премиум картичките, во соработка со партнерите на Club Premium

Почувствувајте ја разликата и уживајте во широкиот спектар врвни банкарски услуги приспособени кон Вашите очекувања!